1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковид мерки: Препорака за носење маски во болниците

ДТЗ
20 септември 2023

Засега нема препораки за маски во јавниот превоз и во домовите за стари лица, информира портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

корона
Ковидот ги врати препораките за носење маски во болницитеФотографија: Petr Stojanovski /DW

Комисијата за заразни болести препорача задолжително носење маски во здравствените установи. Засега нема препораки за маски во јавниот превоз и во домовите за стари лица, информираше портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Целта на мерката е да се минимизира можноста за пренесување на заразата со коронавирус,особено онаму каде што има загрозени групи, кои може да бидат подложни на тешка компликација како резултат на инфекција со вирусот.

Препораката за задолжително носење маски во здравствени установи ќе биде доставена до Министерството за здравство и ресорниот министер.

Комисијата за заразни болести сè уште нема дефинитивен резултат дали во земјата е присутна варијантата наречен Ерис. Од Институтот за јавно здравје добиле информација дека подолго време трае процедурата за собирање на материјалот бидејќи, има само мал број - 112 заболени со Ковид-19.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми