1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чарлс III ги откри даноците, ја напушта Бакингемската палатa

ЖА / агенции
26 јуни 2026

Британскиот крал ја објави сумата на данок што ја плаќа на британската држава. Тој исто така објави дека ниту тој, ниту неговата сопруга Камила нема да живеат во Бакингемската палата во иднина.

Британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила со круни на главите поздравуваат со рацете од балкон
Бакингемската палата ќе остане главно место за церемонијални и официјални функции, велат кралските претставнициФотографија: LEON NEAL/AFP

Британскиот крал Чарлс III првпат јавно објави колку данок плаќа на државата, со што направи преседан во современата историја на монархијата и исполни ветување за поголема транспарентност.

Според официјалниот финансиски извештај на кралското домаќинство, Чарлс во даночната година 2024/25 платил вкупно 12,9 милиони фунти данок на доход и капитална добивка. Претходната година, 2023/24, тој платил 11,7 милиони фунти.

Овој потег се смета за невообичаен, бидејќи британскиот монарх по закон не е обврзан да ги објавува своите даночни податоци. Чарлс, сепак, доброволно плаќа данок на приход и капитал уште од времето кога беше принц од Велс, но ова е првпат тоа да го прави како владејачки монарх.

Објавувањето на податоците има за цел да ја зајакне довербата на јавноста во монархијата и да обезбеди поголема отчетност во време кога финансиските прашања на кралското семејство се под зголемено внимание.

Истовремено, и престолонаследникот принц Вилијам ги објави своите даночни обврски. Тој платил 7,76 милиони фунти во истиот период, нешто помалку отколку претходната година.

Бакингемската палата нема да биде приватен дом

Објавувањето на финансиските податоци беше дел од годишниот извештај за кралските финансии, при што беше откриена и важна одлука за идниот престој на кралот.

И покрај обемната реконструкција вредна околу 369 милиони фунти, Бакингемската палата нема да стане приватна резиденција на  кралот Чарлс III и кралицата Камила.

Наместо тоа, кралската двојка ќе продолжи да живее во Кларенс Хаус, нивниот долгогодишен дом во близина.

Палатата ќе остане главен церемонијален и административен центар на британската монархија, каде ќе се одржуваат државни приеми, средби со странски лидери и други официјални настани.

Со откажувањето од приватно користење на палатата, кралското домаќинство планира да овозможи поголем пристап за посетители и јавни настани. Реновирањето, кое започна во 2017 година, треба да заврши во текот на наредната година.

Притисок за поголема транспарентност

Одлуката за објавување на даночните обврски доаѓа во период кога британската монархија се обидува да ја зајакне довербата на јавноста преку поголема отвореност.

Во последните години, кралското семејство беше под силен притисок за поголема финансиска транспарентност, особено по  контроверзиите поврзани со принцот Ендру и неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Со овој чекор, Чарлс III настојува да ја прикаже монархијата како модерна институција која е подготвена да одговара пред јавноста и да се прилагоди на современите стандарди за отчетност.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми