1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Песков: Русија продолжува да го разгледува мировниот предлог

ЕМФ | агенции
25 декември 2025

Русија продолжува да ги разгледува предлозите за завршување на војната, објави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател
Песков: Русија продолжува да го разгледува мировниот предлогФотографија: Mikhail Tereshchenko/TASS/ZUMA/picture alliance

Еден ден откако изјави дека документите што специјалниот руски претставник Кирил Дмитриев ги донесе во Москва од САД се во фаза на оценување, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска (25.12) изјави дека Русија продолжува да ги разгледува предлозите за завршување на војната.

Песков информираше и дека рускиот претседател Владимир Путин му испратил божиќни честитки на американскиот претседател Доналд Трамп. Сепак, како што додаде, Путин нема да разговара со Трамп телефонски. Во моментов не е закажан таков повик, изјави Песков.

Зеленски ги презентираше 20-те точки од мировниот план на САД за Украина

Вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски за првпат јавно ги презентираше 20-те точки од мировниот план инициран од САД за ставање крај на војната. Според нацртот, предвидени се безбедносни гаранции за Украина по примерот на Член 5 на НАТО - клаузулата за заемна помош - како и армија од 800.000 војници, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера за првпат јавно ги презентираше 20-те точки од мировниот план инициран од САД за ставање крај на војнатаФотографија: Ukrainian Presidential Office/AFP

Украинскиот претседател повтори дека се потребни дополнителни појаснувања и разговори. Прашањето за територијалните отстапки кои Русија ги бара за прекинот на огнот останува нејасно, особено во регионот Доњецк, кој е делумно контролиран од Украина. Исто така, мора да се разјасни контролата врз нуклеарната централа Запорожје, која моментално ја држи Русија, рече Зеленски.

Според него, документот содржи украински, руски и американски позиции. Зеленски наведе дека во многу точки имало приближување на позициите, а на некои места дури и консензус.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми