1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Кремљ критикува дека САД се „мешаат“ во случајот на Навални

ЕМФ | афп
12 декември 2023

Кремљ го критикува „мешањето“ на САД во случајот со затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални.

Русија Дмитри Песков, портпарол на Кремљ
Дмитри Песков, портпарол на КремљФотографија: Mikhail Tereshchenko/TASS/dpa/picture alliance

По изјавите на поддржувачите на Алексеј Навални дека речиси една недела немале никаков контакт со рускиот опозициски политичар, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска (12.12) изјави дека „секое мешање“ во случајот е неприфатливо:

„Зборуваме за затвореник кој е прогласен за виновен според законот и ја отслужува казната што му е изречена“, изјави Песков, додавајќи: „Секое мешање, вклучително и од САД, е неприфатливо“. Еден ден претходно, САД изразија „длабока загриженост“ за Навални и повикаа на „итно“ ослободување на критичарот на Кремљ.

Навални пропуштил неколку судски состаноци и на адвокатите им било кажано дека е одведен од затворот, велат приврзаниците на рускиот опозициски политичар. Неговата портпаролка Кира Јармиш изјави дека Навални не учествувал и на денешното судско рочиште, со кое требало да биде поврзан преку видео врска. Вработен во казнената колонија ИК-6 рекол дека Навални „ја напуштил колонијата“ и дека никој не знае каде е одведен.

Судот летоска ја зголеми затворската казна на Навални на 19 години и нареди негово префрлање во затвор со построги услови. Трансферите од еден во друг затвор во Русија често траат неколку недели.

Приврзаниците на Навални го поврзаа исчезнувањето на критичарот на Кремљ и неговото евентуално префрлање во затвор со потешки услови со најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе се кандидира за нов мандат на претседателските избори идниот март.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми