1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кремљ: Ши треба да реши дали ќе ја посети Украина

ЖА / агенции
29 март 2023

Володимир Зеленски го кани кинескиот претседател во посета на Украина, Кремљ со одговор – одлуката е во рацете на Ши Џинпинг, ние ја цениме избалансираната позиција на Кина.

Ши Џинпинг во посета на Москва
Кинескиот претседател Ши Џинпинг во посета на МоскваФотографија: Sergei Savostyanov/TASS/dpa/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани шефот на кинеската држава, Ши Џинпинг, да ја посети Украина.

„Спремни сме да го видиме овде“, изјави Зеленски во интервју за новинската агенција АП. Кинескиот претседател пред неколку дена оствари посета на Москва, но официјално не беше соопштен никаков напредок во врска со кинеската мировна иницијатива за запирање на воениот конфликт во Украина од дванаесет точки, во чиј фокус се дијалог и прекин на огнот.

Во интервјуто за АП, Зеленски изразува претпоставка дека најавата на рускиот претседател Владимир Путин, кратко по посетата на Ши, застационирање тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, земја која се наоѓа поблиску до територијата на НАТО, покажува дека посетата на кинескиот претседател не протекла најдобро.

Путин образложи дека преместувањето атомско оружје во соседна Белорусија е одговор на одлуката на Велика Британија да ја снабди Украина со дополнителни количини на муниција со збогатен ураниум.

Кремљ не може да си дозволи да го советува кинескиот претседател Ши Џинпинг дали треба да ја посети Украина или не, реагираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

„Нам ни е познатата избалансираната позиција на Кина, која ние високо ја цениме и веруваме дека шефот на кинеската држава донесува сопствени одлуки околу целисходноста на одредени контакти“, изјави Песков.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми