Русија ги критикува европските предлози за мир во Украина
25 ноември 2025
Русијаги критикувашеевропскитепредлози за измени во таканаречениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа објавени во медиумите. „Дознавме за европскиот план, кој на прв поглед воопшто не е конструктивен“, рече советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, според извештајот на руската новинска агенција Тас. „Тоа не ни одговара“. Ушаков се осврна на точките објавени од медиумите, на кои работеа Германија, Франција, Велика Британија и раководството наЕУ.Не стануваше збор за план, кој досега не е познат, а којСАДиУкраинагоподготвијаза време на преговорите во Женева.
Подготвеност да се зборува за планот на Трамп
Ушаков нагласи дека во Русија се занимаваат со она што е пренесено преку официјален пат - мислејќи притоа наоригиналниот планод28 точкина американскиот претседателТрамп.Русија е подготвена за разговори со американската страна за тој нацрт и чека сигнал од Вашингтон, рече рускиот советник. Многу одредби од тој американски план се „сосема прифатливи“.
Меѓутоа, точките кои ги изнесе Трамп мора да се разгледаат детално. Многу, но не сите точки се прифатливи за Русија, објасни Ушаков. Досега никој не разговарал за тоа со Русија. По повод преговорите во Женева, претходно имаше само штури реакции од Москва. Кремљ сè уште нема добиено ништо официјално за резултатите од разговорите за Украина, рече портпаролот Дмитри Песков.
Оригиналниот нацрт отиде во Москва
Првобитниот американски план ѝ одговараше на Москва во клучните барања - меѓу другото, Украина мораше да прифати значителни територијални загуби и горна граница за бројот на своите војници. Нацртот беше критикуван на меѓународно ниво затоа што бараше поголеми отстапки од Украина отколку од Русија.Путин,од друга страна, во петокот го нарече основа за разговори.
Во неделата, Украинците имаа интензивни разговори со претставници на европските држави, американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф за одредени точки. Во повеќечасовните преговори во Женева, Украина и Европејците се обидоа да го ублажат првобитниот американски план. Иако деталите не се обелоденети, се чини дека се направени значајни промени.
Очигледно е постигнат успех во врска со можното членство на Украина во НАТО и во ЕУ. Додека членството во НАТО беше експлицитно исклучено во оригиналната верзија, сега, според германскиот министер за надворешни работиЈохан Вадефул,сите прашања во врска со НАТО и ЕУ се отстранети од нацртот. Ова го потврди и американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио, кој ја предводеше американската делегација во Женева.
САД: Уште „неколку спорни точки“
Според американскиот претседателски кабинет, сега има „неколку спорни точки“ во преговорите меѓу САД и Украина. Трамп е уверен дека може да се постигне договор, изјави неговата портпаролка Каролин Ливит за Фокс њуз. Претседателот врши притисок и врз украинскиот претседателВолодимир Зеленскии врз Путин.
Ливит, исто така, нагласи дека Трамп е фрустриран штовојнатапродолжува. Тој го прекина финансирањето од САД за војната, но продолжуваат да снабдуваат, односно да продаваат големи количини оружје. „Не можеме да го правиме ова вечно, и претседателот сака оваа војна да заврши“, рече Ливит.
Мерц: „Мирот нема да дојде преку ноќ“
Резултатот од преговорите во Женева беше оценет како јасен успех од страна на Украина и на Европа. Првобитниот план беше значително изменет во суштинските делови, рече германскиот канцеларФридрих Мерц.Новото писмо во моментов се усогласува, по што ќе го претставува заедничкиот став на САД, Европејците и на Украина. Следниот чекор е сега: „Русија мора да биде на масата“, порача Мерц. Сепак, тој ги намали надежите за брз пробив. „Мирот во Украина нема да дојде преку ноќ“, рече тој.
Фон дер Лајен гледа добар напредок во Женева
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, зборуваше за солидна основа за натамошни преговори. „Станува збор за безбедноста на целиот наш континент, сега и во иднина“, рече таа. Ефикасниот и координиран европски ангажман, како и силното европско присуство во Женева, овозможиле да се постигне добар напредок.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, рече дека сега има нов замав во мировните преговори. Некои прашања сè уште треба да се решат, но насоката е позитивна. Сега е исто така јасно дека темите што директно ја засегаат Европската Унија бараат целосно учество и одлучување од страна на Европската Унија. Како примери ги наведе санкциите на ЕУ против Русија и справувањето со замрзнатите средства на руската Централна банка во ЕУ. Во првичната верзија, Американците бараа делови од замрзнатиот руски државен имот за себе, додека друг дел требаше да се користи за обнова на Украина.
Украина: „Правилен пристап“
И Украина изрази задоволство од првата етапа на консултациите во Швајцарија. Според претседателот Зеленски, предложениот план содржи вистински точки. Сепак, чувствителните прашања треба да се разговараат со Трамп.
„По разговорите во Женева, сега има помалку точки, нема веќе 28, и многу правилни елементи беа вклучени во оваа рамка“, рече Зеленски во своето вечерно видео-обраќање. „Нашиот тим денеска веќе информираше за новиот нацрт на мерките, и тоа навистина е правилниот пристап. За чувствителните теми, најчувствителните точки, ќе разговарам со претседателот Трамп.“