1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Крик за слобода: наследството од востанието во ГДР

17 јуни 2023

Седум децении по народното востание во Германската Демократска Република, денес Украина се бори за својата слобода. Околностите се различни, но желбата на луѓето за слобода е иста.

Источен Берлин 17 јуни 1953 година
Советски тенкови на 17 јуни 1953 година во источен Берлин против бунтот на граѓанитеФотографија: Röhnert/Keystone/picture alliance

Каква врска има руската агресија врз Украина со неуспешниот народен бунт во комунистичката Германска Демократска Република (ГДР), кој започна на 17 јуни 1953 година? Во потесна смисла, тие два настани немаат допирни точки.

Но, под сите разлики и историски околности, може да се забележат слични мотиви. И на страната на угнетувачите и на страната на луѓето кои се борат за слобода и за независност.

По Втората Светска Војна, грубо кажано, на глобално ниво се појавија два табора: капиталистичка демократија и комунистичка диктатура. На чело беа суперсилите САД и Советскиот Сојуз. Заедно со Велика Британија и Франција тукушто ја победија нацистичка Германија.

Центар на моќ: Москва

По воениот успех, се распадна алијансата создадена од потребата да се спротивстави на Адолф Хитлер. Советите ја проширија својата зона на влијание врз голем дел од Европа, вклучувајќи ја и ГДР.

Во тоа време беше воспоставен терминот „Студена војна“, што значеше напнати односи меѓу САД и СССР и земјите кои ги поддржуваа. Политичкиот и идеолошкиот ров во Европа се протегаше токму низ Германија и Берлин.

Пазарна економија на Запад, планска економија на Исток

Овде најдобро се гледаа последиците од дуелот кој се водеше со оружје и со закани: додека Западна Германија, со својата пазарна економија, брзо материјално закрепна од последиците на војната, планската економија во Источна Германија доведе до недостиг од кои многу граѓани побегнаа на Запад.

Работата ескалираше во јуни 1953 година. По спорадичните протести против сѐ полошата економска ситуација, фрустрацијата се прелеа низ целата Германска Демократска Република (ГДР). Се проценува дека околу еден милион луѓе се приклучиле на бунтот, барајќи слободни избори и обединување на Германија. Но, тој крик за слобода замре без успех.

Советските тенкови ставија крај на сонот за слобода

Владетелите од Москва го задушија бунтот со тенкови. Над сто луѓе загинаа во улични судири или беа осудени на смрт. Многумина беа заглавени во затвор долги години. 

Слободарските движења во Унгарија (1956), Чехословачка (1968) и Полска (1980) доживеаја слични судбини. Сите обиди да се ослободат од канџите на Москва пропаднаа.

Властите во Москва со советски тенкови го задушија народното востание во ГДРФотографија: akg-images/picture alliance

Нова храброст кај луѓето во Источниот блок се појави со политиката на московскиот реформист Михаил Горбачов. Во Германија, мирната револуција во 1989 година доведе до пад на Берлинскиот ѕид и обединување една година подоцна.

Путин го негира правото на постоење на Украина

Дојде крајот и на Советскиот Сојуз, основан во 1917 година. Украина беше меѓу петнаесетте независни држави кои беа создадени во тоа време.

Земјата, значи, на која денешниот руски владетел ѝ го негира правото на постоење и затоа во февруари минатата година започна напад врз неа, спротивно на меѓународното право. Украинскиот полуостров Крим уште во 2014 година беше припоен, речиси и без пукање, но и нелегално.

Пред седум децении, западните демократии под водство на САД се оддалечија од поддршката на народното востание во ГДР.  Стравот од Трета светска војна, која би се водела со атомско оружје, беше преголем. Многу луѓе се слично загрижени и денес, по руската инвазија врз Украина.

Со плакати во кои бараат политички и економски промени илјадници луѓе излегоа на протести на 17 јуни 1953 во тогашна источна ГерманијаФотографија: AP/picture alliance

Ветувања за слобода: НАТО и ЕУ

Повторно, многу земји и НАТО решија да ја поддржат Украина, која се бори за слобода и за независност - воено, со испорака на оружје, но и политички, со перспектива за членство во ЕУ. И двете даваат перспектива за подобра иднина, но никој не може да гарантира.

Кога во јуни 1953 година народот од Источна Германија се крена против сопствената власт и во исто време против советските окупатори, Западна Германија се задржа на морална поддршка. Геополитички тогаш и немаше други опции. Моќта на одлучување беше во Вашингтон и во Москва.

Испорака на оружје и помош за бегалците

Дуелот меѓу капитализмот и комунизмот се засноваше на таканаречената рамнотежа на ужасот - двете страни знаеја дека и двете ќе бидат целосно уништени во евентуален нуклеарен конфликт и затоа не го ни започнаа. Тоа е воена пат-ситуација во која ниту една страна нема реални шанси за победа.

Има различни гледишта дали е поинаку денес, во втората година од војната во Украина. Па сепак, западната заедница на држави не се колебаше ниту за момент со оружје  да ја поддржи Украина во нејзината ослободителна борба против агресорите и да организира прием на бегалци. 

Како се чувствуваат младите украински бегалци во моментов?

01:03

This browser does not support the video element.

За волја на вистината, претпоставките се поинакви отколку во ерата кога Европа политички и економски беше поделена на Источна и Западна. Комунистичките диктатури се минато. Неколку децении по задушените бунтови во Источна Германија и во други земји, поделбите беа надминати мирно со помош на слободољубиви луѓе.

Без храброст нема слобода и независност

Народното востание од јуни 1953 година, и покрај неговиот неуспех, има важно место во историјата како пример за подоцнежните обиди да се стане или да се остане слободен и независен. Седумдесет години подоцна, обединета Германија, со бројни настани и изложби, се сеќава на трагичниот крај на востанието, но пред се на храброста на народот. Притоа сосема е разбирливо, од таа перспектива да се повлече линија со борбата за слобода на Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми