1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваРусија

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални сериозно болен

СН/агенции
12 април 2023

Здравствената состојба на веројатно најпознатиот руски опозициски политичар продолжила да се влошува. На викендот Навални бил лекуван дури и од доктор за итна помош во казнениот логор, каде отслужува затворска казна.

Алексеј Навални во затворска ќелија (архивска фотографија)
Алексеј Навални во затворска ќелија (архивска фотографија)Фотографија: Alexander Zemlianichenko/AP/dpa/picture alliance

Рускиот противник на Кремљ, Алексеј Навални, кој веќе две години издржува затворска казна, е тешко болен и „без нега“, изјави  неговиот адвокат Вадим Кобзев и додаде дека ситуацијата е „многу чудна“.

„Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата во неговата ќелија била повикана брза помош поради стомачни тегоби кои се влошиле“, напиша Кобзев на Твитер. Адвокатот додаде дека Навални (46) боледува од „неутврдена болест од која никој не го лекува“. „Според неговата медицинска евиденција, во последните две недели тој (Навални) изгуби осум килограми“, рече адвокатот и додаде дека пакетите со лекови кои мајката на Навални ги испратила во казнениот логор Покров. биле вратени бидејќи не стигнале до него.

Според зборовите на адвокатот, затворениот опозиционер има „кризи“. Адвокатот не ја исклучи можноста за обид на властите да дозволат неговото здравје „не нагло, туку постепено да се влоши“. „Ќе побараме токсиколошки и радиолошки тестови“, додаде адвокатот.

Козаци го нападнаа Навални

02:02

This browser does not support the video element.

Навални на почетокот на годината изјави дека има симптоми слични на грип и дека е лишен од задоволителен пристап до нега. Неговите поддржувачи го осудија обидот на Кремљ полека да го „убива“.

Навални, жесток критичар на Владимир Путин и противник на руската инвазија на Украина, беше уапсен во Русија во јануари 2021 година, откако се врати во земјата по тешкото труење кое му се припишува на Кремљ. Во март истата година, тој беше осуден на девет години ригорозна затворска казна за наводна проневера, која Навални ја негира.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми