1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критики од ЕУ: Без парада нема Европрајд

Иван Ѓерковиќ | агенции
16 септември 2022

Откако српското МВР ја забрани парадата која што требаше да се одржи на 17 септември во рамки на Европрајд, од ЕУ стигнуваат критики. Притоа особено се критикува позицијата на црквата.

Билборд со најава на парадата во Белград
Билборд со најава на парадата во БелградФотографија: Idro Seferi/DW

„Разочарани сме“ што завршната прошетка низ градот е забранета, изјави во вторникот (13.09), во Брисел, портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Петер Стано. Парадата, нагласува тој, е „јавен израз на волјата за борба против дискриминацијата“ и за промовирање на еднакви права за нехетеросексуалните лица.

„Без парада нема Европрајд“, рече Стано и истовремено изрази надеж дека ќе се најде решение парадата да се одржи „мирно и безбедно“ во сабота, како што беше планирано.

Критика на црквата

Критики доаѓаат и од комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ. Таа оценува дека во изминатите неколку недели, во кои не беше јасно дали ќе се одржи Европрајд, „во јавноста беа испратени погрешни пораки и се отвори простор за реторика на омраза и зголемени закани насочени кон ЛГБТИ-лицата, меѓу другото и од страна на верските лидери“, рече Мијатовиќ вчера во Стразбур.

Воедно, таа ја поздрави неодамнешната изјава на претседателот Александар Вучиќ, во која се нагласува признавањето и почитувањето на човековите права на нехетеросексуалните лица. Српските власти, порачува Дуња Мијатовиќ, мора да се погрижат оние кои сакаат да излезат на улица за еднакви човекови права и достоинство да можат безбедно да го сторат тоа.

Србија мора „да ја гарантира слободата на мирно собирање и слободата на изразување за сите“, рече Мијатовиќ и нагласи дека во Југоисточна Европа „има уште многу да се направи за борба против дискриминацијата и омразата кон ЛГБТИ-лицата“.

„Се надевам дека нема да има инциденти“

02:10

This browser does not support the video element.

„Очите на цела Европа се вперени во Србија“

Веста за забраната на парадата на Европрајд во Белград ја објавија и повеќе германски медиуми. Агенцијата ДПА ја пренесува најавата на координаторот на Европрајд, Горан Милетиќ, дека организаторите ќе поднесат жалба на одлуката на српското Министерство за внатрешни работи и дека прошетка сепак ќе има.

Повторно се емитува и пораката што комесарот на германската влада за ЛГБТИ-заедницата, Свен Леман, му ја упати на Белград во понеделникот, пред да биде донесена одлуката за забрана. „Ќе биде фатален сигнал и огромен чекор наназад ако не може да се одржи токму врвот на Европрајд, или ако не биде доволно безбеден“, вели политичарот на германските Зелени во писмото упатено до српскиот претседател Вучиќи премиерката Ана Брнабиќ. „Очите на цела Европа се вперени во Србија. Нагости во Белград ќе дојдат луѓе од многу земји“, напиша Леман. Неколку пратеници од Европскиот парламент претходно најавија дека ќе дојдат во Белград на Европрајд.

Координаторот на Европрајд, Горан Милетиќ, најави жалба на одлуката на српското МВРФотографија: Idro Seferi/DW

Вкоренета хомофобија

Католичката новинска агенција КНА посебно укажува на критиките упатени кон Српската православна црква (СПЦ). Таа потсетува дека минатата недела поглаварот на Српската православна црква се изјасни против Европрајд. Се пренесуваат и зборовите на патријархот Порфириј дека зад тоа стои „длабока и систематска закана за сите основни вредности“ што општеството ги следи со векови, а „особено за светоста на бракот и семејството“.

Протести против Европрајд во Белград, 29.08.2022Фотографија: Darko Vojinovic/dpa/AP/picture alliance/

Веста за забраната ја пренесува и магазинот Шпигел на својата веб-страница. Покрај тоа што потсетува дека Србија е првата земја во Југоисточна Европа која е домаќин на Европрајд од 12 до 18 септември, германскиот весник објаснува дека истополовите бракови не се признаваат во Србија и дека „хомофобијата, и покрај одреден напредок во последните години, е вкоренета во земјата“. Се потсетува и дека националната парада, Белград Прајд, во 2001 и 2010 година мина со насилство и немири, а од 2014 година се одржува редовно, но со големо присуство на полицијата.

Србија: Љубов со пречки

02:28

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми