Критики за Бајден при посетата на границата со Мексико
Тагесшау | ЕМФ
9 јануари 2023
Џо Бајден е на претседателската функција веќе две години. Досега ја нема посетено јужната граница. Сега го стори тоа и беше остро критикуван.
Реклама
Првата посета на американскиот претседател Џо Бајден на јужната граница на САД, во сојузната држава Тексас, е засенета од длабоките политички тензии во земјата. За време на неколкучасовната посета во градот Ел Пасо, Бајден се сретна со граничарите и прошета долж граничниот ѕид со Мексико, по што отпатува за Мексико Сити. Демократот Бајден имаше студен пречек од гувернерот на Тексас, Грег Абот. Републиканецот Абот му предал на Бајден писмо во кое упатува сериозни обвинувања против владата. Посетата, според него, доаѓа две години предоцна, а за „хаосот“ на границата е одговорен „неуспехот“ на Бајден.
Абот бара продолжување на изградбата на граничниот ѕид
Ел Пасо од неодамна е претворен во тежиште на миграцијата во САД. Ситуацијата драматично се влоши во декември. Абот веднаш јавно го објави писмото што му го дал на Бајден. „Нивната политика на отворени граници ги охрабри картелите кои се збогатуваат од трговијата со смртоносен фентанил, па дури и со луѓе“, се вели во писмото. САД ја доживеаја „најлошата илегална имиграција“ во историјата на земјата. Републиканецот бара веднаш да се продолжи со изградбата на граничниот ѕид во Тексас.
Една од првите работи кои Бајден ги презеде по стапувањето на функцијата е запирањето на изградбата на ѕидот. Тој постојано е остро напаѓан од Републиканците поради ситуацијата на границата. Републиканските гувернери на различни држави во јужниот дел на САД - вклучително и Абот - минатата година постојано испраќаа автобуси полни со мигранти во сојузните држави управувани од Демократите, како Њујорк или главниот град Вашингтон, со цел да извршат притисок врз Бајден. Белата куќа потоа ги спореди гувернерите со шверцери.
Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик
Ѕидот на границата со Мексико ќе се гради. Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша соодветен декрет. На делови од границата веќе има ограда. Дали сега челикот ќе биде заменет со бетон?
Фотографија: Reuters/J. L. Gonzalez
Трамп има искуство со градење
„На нашата јужна граница ќе изградам голем ѕид. Никој не гради ѕидови подобро од мене и за тој ѕид ќе плати и Мексико.“ Тоа американскиот претседател Доналд Трамп го изјави во текот на кампањата. Досега тој градеше пред сѐ висококатници и хотели. Ѕидот на границата е на прво место на неговиот план од 10 точки во делот на политиката на доселување.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/C. Torres
Крај кој завршува „нигде-никаде“
Границата меѓу САД и Мексико е долга околу 3.200 километри. Од нив со жица се обезбедени околу 1.100 километри. Границата минува низ четири американски и шест мексикански сојузни држави, минува низ пустина и големи градови. Поради лошата пристапност, еден мал дел од границата во Њу Мексико е отворен. На други места пак патролираат службеници за заштити на границата.
Фотографија: Reuters/M. Blake
Несовладлив челичен џин
Бројот на илегални доселеници во САД се проценува на околу 350.000 годишно. Голем дел од нив доаѓаат од Мексико. Дел од доселениците од Мексико се толерираат. Од друга страна, мексиканските семејства не добиваат виза. Доселениците си посакуваат подобар живот, работа и повеќе пари за своите семејства.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Zepeda
Само мал допир
Семејствата живеат разделени со ограда. Прегратка не е можна. Во најдобар случај низ челичните шипки може да се протне рака. Ако Доналд Трамп го оствари најавеното, тогаш наместо челик овде ќе има бетон. Тогаш и мал допир нема да биде можен.
Фотографија: picture-alliance/ZumaPress/J. West
Од изолација до предрасуди
„Кога Мексико праќа луѓе, тогаш не ги испраќа најдобрите“, рече Трамп во текот на кампањата. „Испраќа луѓе кои прават многу проблеми. Тие носат дрога, злосторства, силувачи. Некои, би рекол, се и добри луѓе.“ Трамп сака да ги протера илегалните доселеници, барем оние кои се со криминално досие. Сепак, и покрај заканите, многу Мексиканци не се откажуваат од своите планови за бегство во САД.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Bull
Пустина, граница и назад
За некои Мексиканци сонот завршува на границата. Тие завршуваат в затвор. Други за илегално минување преку границата плаќаат со својот живот. Медиумите критикуваат дека безбедносните сили пукаат преку границата. Дури во 2015 година за тоа првпат е обвинет припадник на американската погранична служба.
Фотографија: Reuters/D.A. Garcia
Со сачмарка против непожелните гости
Џим Чилтон, американски фармер, во патрола низ својот имот. Неговата фарма на површина од 200.000 квадратни метри на југоистокот од Аризона граничи директно со Мексико. Помеѓу има само бодликава жица. Чилтон се смета себеси лично одговорен за безбедноста и одвреме-навреме посега по сачмарката.
Фотографија: Getty Images/AFP/F.J. Brown
Чуден крај
„Тортиља ѕид“ е потценувачкиот назив на 22,5 километри долгиот дел од границата меѓу Отеј Меса Бордер Кросинг во Сан Диего (Калифорнија) и Пацификот. Оградата завршува во водата. За да се побегне на другата страна е доволно само да се исплива околу оградата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Zepeda
8 фотографии1 | 8
На границата меѓу САД и Мексико, во периодот помеѓу октомври 2021 и октомври 2022 година, американската Агенција за гранична заштита регистрирала повеќе од два милиони обиди на луѓе да влезат во САД. Притоа, статистиката покажува дека се зголемува бројот на луѓе кои не потекнуваат од Мексико, Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор. Сè повеќе луѓе доаѓаат од Куба, Колумбија, Никарагва и Венецуела. Илјадници мигранти во моментов чекаат на границата со САД, надевајќи се на можност да влезат во земјата.