1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Криза по оставката на Лекорну: Макрон, осамениот претседател

АРД
7 октомври 2025

По оставката на премиерот Лекорну, хаосот е целосен, а претседателот Макрон игра на време. Лекорну треба да направи последен обид да ја прекине блокадата. Дали е тоа мисија осудена на неуспех?

Маж во костум пред микрофони (францускиот премиер Лекорну) ја образлага својата оставка во Париз
Прмеиерот Себастијан Лекорну, кој само што поднесе оставка, по налог на претседателот Макрон, треба да „спроведе финални преговори“ во текот на следните два дена за да дефинира основа и мерки за стабилност во земјатаФотографија: Eliot Blondet-Pool/SIPA/picture alliance

На крајот од ден полн со неочекувани пресврти, владее чувство на збунетост. Меѓу политичките актери, набљудувачите и самите граѓани. „Комплицирано е, целосно сме изгубени, ништо не се движи напред, секогаш е истата стара приказна, истите луѓе доаѓаат и си одат, сè е во неизвесност, сакаме нешто да се промени и да се врати стабилноста“, вели еден Французин.

Но, земјата е далеку од тоа. Во понеделникот вечерта (6.10), твитови и итни вести се редеа едно по друго. Претседателот Емануел Макрон му наложи на премиерот Себастијан Лекорну, кој само што поднесе оставка, да „спроведе финални преговори“ во текот на следните два дена за да дефинира основа и мерки за стабилност во земјата.

Неуспешна мисија

Лекорну одговори на платформата X: „Ќе го известам шефот на државата во среда навечер дали ова е можно или не, за да може да ги извлече сите потребни заклучоци“. Но, зошто Лекорну би успеал да создаде сигурна владина коалиција во рок од два дена кога не успеал да го стори тоа од неговото назначување пред 27 дена?

Ле Пен бара оставка од Макрон

Во политички Париз, речиси никому не му е гајле за последниот обид на претседателот да формира влада од десниот центар. И какви заклучоци би можел да извлече Макрон по уште два – најверојатно неуспешни – дена преговори?

Марин Ле Пен, претседателка на десничарскиот Национален собир и лидерка на опозицијата во парламентот, има предлог. Таа гледа точно две опции за Макрон: или оставка на претседателот или распуштање на парламентот проследено со нови избори. Второто би можело да му донесе на Националниот собир рекорден број гласови. Анкетите предвидуваат јасна победа на партијата на Ле Пен. Но, дури и таа би била далеку од апсолутно мнозинство.

Марин Ле Пен, претседателка на десничарскиот Национален собир и лидерка на опозицијата во парламентотФотографија: Bertrand Guay/AFP/Getty Images

Француската левица не сака нови избори

Најверојатниот исход од новите избори би бил трите главни блока во Националното собрание - десница, левица и центар - да продолжат да се парализираат еден со друг. Затоа претставниците на умерената левица отфрлаат нови избори. Лидерот на социјалистите, Оливие Форе, во понеделник вечерта на телевизијата TФ1 изјави дека се залага за левичарска влада. „Бидејќи во меѓувреме пропаднаа три влади од десниот центар. Од вчера сме сведоци на неверојатен циркус. Ни треба нова визија, мора да ја обединиме земјата околу едноставна цел: поголема социјална и еколошка правда.“

Претседателскиот самрак започна

Но, наместо да му даде шанса на левичарскиот блок и мандат за формирање влада, Макрон претпочита да игра на време и го испраќа привремениот премиер Лекорну на дополнителна трка со политички препреки. Со овој потег, Макрон ги вознемири дури и старите соработници, како поранешниот премиер Габриел Атал. Франција доживува тешки времиња, вели тој. И како и многу други Французи, Атал веќе не ги разбира одлуките на претседателот. „Тој тврдоглаво се обидува да остане на врвот“.

Претседателскиот самрак одамна започна. Но, Макрон се чини дека не е подготвен да признае оти неговиот метод не успеал. На земјата итно ѝ е потребен нов буџет и мора да спроведе планови за штедење и реформи. Но, работите се во застој, а на сето тоа на патот му стои Макрон.

Авторка на текстот: Јулија Борута, АРД

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми