1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаШвајцарија

Кризен менаџмент во Давос

Пандеј Ашутош
16 јануари 2023

Минатата година на средбата во Давос доминираше руската инвазија во Украина. Годинава, по пандемијата во старото зимско опкружување, фокусот е на економските последици од војната и можната рецесија.

Светскиот економски форум 2023 се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година
Светскиот економски форум 2023 се одржува од 16 до 20 јануари 2023 годинаФотографија: Markus Schreiber/AP/dpa/picture alliance

Големото друштво во Давос се враќа на своето вообичаено зимско опкружување. Бујните зелени алпски предели од пролетниот состанок во мај 2022 година повторно се снежни, како вообичаено. Но, темите на разговорите речиси и да не се променети - војната во Украина и влијанието на глобалната економија веројатно повторно ќе го одбележи дневниот ред на Светскиот економски форум кој се одржува од 16-20 јануари во швајцарското место Давос.

Швајцарското одморалиште Давос во 2023Фотографија: Gian Ehrenzeller/KEYSTONE/picture alliance

Неизвесни времиња

На средбата во Давос ќе присуствуваат светските лидери во политиката и бизнисот, познати личности и истакнати општествени активисти. Таа се одржува во време кога глобалната економија е под голем притисок заради високата инфлација, енергетската криза, пречки во снабдувањето заради војната во Украина и избивањето на пандемијата во Кина.

„Економските, еколошките, општествените и геополитичките кризи се споија и создадоа исклучително непредвидлива и неизвесна иднина", рече Клаус Шваб, основач на Форумот. „Годинешниот состанок треба да помогне со одговорите да не заглавиме во кризни размислувања", изјави тој за новинарите.

Кој сѐ ќе биде присутен

Лидери од повеќе од 50 земји ќе се соберат на оетдневниот состанок на темата „Соработка во расцепкан свет”. Меѓу нив е и германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и шпанскиот премиер Педро Санчез. Се очекува да дојдат и некои неодамна избрани претседатели како Јон Сук Јеоч од Јужна Кореја, Густаво Петро од Колумбија и Фердинанд Маркос помладиот од Филипините. Африканската делегација ќе ја предводат претседателите Сирил Рамафоса од Јужна Африка и Сами Сулуху Хасан од Танзанија.

Клаус Шваб, основач на Светскиот Економски ФорумФотографија: Laurent Gillieron/KEYSTONE/dpa/picture alliance

Од САД доаѓа специјалниот пратеник на претседателот Бајден за климатските прашања Џон Кери и за трговија, Кетрин Тај. Покрај 56 министри, повеќе отколку било кога претходно, во Давос се очекуваат и 19 директори на Централни банки.

Од Русија не доаѓа никој - СЕФ ја прекина врската по нападот врз Украинa. А, Украина годинава повторно ќе прати делегација од висок профил. Од безбедносни причини организаторите не соопштија детали.

Се очекува доаѓањето на 1500 лидери од бизнисот, вклучително и 600 извршни директори од некои од најголемите светски компании.

Страв од рецесија

53-тиот состанок во Давос се одржува за време на најтешките економски превирања во последните години. Шефицатана на ММФ, Кристалина Георгиева предупредува дека третина од сите економии во свњтот би можеле да бидат погодени од рецесија во тековнава година.

Војната во Украина и санкциите од западот за Русија доведоа до невиден недостиг на енергија. Иако се чини дека инфлацијата ја достигнала кулминацијата на пазарите во развиените земји како САД и во Еврозоната, сепак е и натаму надпросечно висока. Тоа ги присилува централните банки агресивно да гинподигаат кредитните стапки. За возврат, високите камаптни стапки доведуваат до поголеми трошоци на рефинансирањето во фаза на стагнација на економијата и го зголемуваат ризикот од глобална должничка криза. Тоа важи и за африканскиот континент. Според Светска банка, моменталната економска криза може да доведе и до натамошно зголемување на сиромаштијата во субсахарска Африка, каде живее околу 60 проценти од најсиромашното население во светот.

Во мај 2022 година, Руската куќа во Давос беше преименувана во Дом на руски воени злосторстваФотографија: DW

Во најновата годишна проценка која ја направи СЕФ, растечките трошоци за живот на глобално ниво предизвикани од пандемијата и руската инвазија во Украина наведени се како најголем непосреден ризик. Тесните грла во снабдувањето со енергенси и храна веројатно ќе потрае уште две години. Претседателот на Форумот, Борхе Бренд изјави дека „состанокот во Давос се одвива во светло на најкомплицираната геополитичка и глобална економска ситуација во последните неколку децении. Влоговите се навистина големи за глобалната економија која мора да се обиде да ја избегне глобалната рецесија, забавениот раст, високата инфлација и зголемувањето на долговите". 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми