1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крунисан кралот Чарлс Трети: континуитет, но и нов почеток

Кристоф Пресл | АРД
6 мај 2023

Чарлс Трети денеска беше крунисан во Вестминстерката опатија во Лондон, заедно со кралицата Камила. За кралската служба тој долго се подготвуваше. Кој е неговиот досегашен биланс и кои се неговите идни акценти?

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети во Лондон
Крунисувањето на кралот Чарлс Трети во Вестминстерската опатија во ЛондонФотографија: Jonathan Brady/PA/REUTERS

Тој ветува континуитет, а сепак е поинаков. Воочлива е неговата посветеност кон заштита на животната средина. Чарлс се смета за „политичка личност“, дури и повеќе отколку што би требало да биде еден крал. Кога владата во Лондон формулира планови за депортација на бегалци во Руанда, тој ги критикува нејзините намери.

Кралот Чарлс јасно стави на знаење дека тој план го смета за ужасен. Но, тој не може директно и јавно да се занимава со бегалска политика, објаснува Кетрин Мајер, новинарка и биограф на кралот Чарлс.

На церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети присуствуваа околу две илјади гостиФотографија: Gareth Cattermole/Getty Images

Натамошен пренос на круната

Чарлс секогаш мора да ги одмерува своите политички желби, односно можности, а тоа да не му предизвика штети ни нему ни на неговата улога.

„Неговата задача не е само да биде крал, туку круната неоштетена да ја предаде на наследниците. Ако се ангажира премногу политички и ја загуби дистанцата, критичарите, вклучувајќи ги и конзервативците, ќе го обвинат кралското семејство“, вели Кетрин Мајер. 

Вистински тон во првата државна посета

Улогата на поглавар на државата во странство очигледно му паѓа полесно. Во текот на својата прва посета во Германија како крал, тој во Бундестагот делумно се обрати и на германски јазик. Ја спомена Украина, стави акцент на заедничките вредности:

„Загрозена е безбедноста на Европа, како и нашите демократски вредности. Но, светот не седеше со скрстени раце. Шокирани сме од страшните разорувања, но можеме да црпиме храброст од нашето единство“, изјави тој.

Кралот Чарлс им приоѓаше на Германците, откриваше сличности, но и се забавуваше во текот на своите говори на државниот банкет и при посетата на еден берлински пазар на отворено на кој се продаваат органски производи.

Обиколката на Хамбург со полагање венец на црквата Свети Никола, разрушена во војната, а потоа и на спомен-обележјето на еврејските деца кои родителите ги испратиле во Англија за да го избегнат истребувањето, спаѓаат во посебно импресивните моменти на оваа државна посета. 

Чувствителни семејни работи

Посебен предизвик за кралот Чарлс е самата кралска фамилија, околу која има мноштво службеници. До неодамна дури 15 луѓе биле ангажирани како постојани асистенти на кралското семејство, што значи дека за својата работа биле плаќани од државниот буџет. Чарлс сака да го намали нивниот број.

Вилијам Кејт, принцот и принцезата од Велс со децата при пристигнувањето на церемонијата на крунисувањетоФотографија: Andrew Milligan/PA/AP/picture alliance

Принцот Хари и Меган му свртија грб на семејството, а принцот Ендрју беше принуден да се повлече од јавниот живот поради поврзаноста со сексуалниот престапник Џефри Епстајн. Ако во монархијата нема скандали, се смета дека би имала поголема поддршка кај населението.

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила на крунисувањето пристигнаа со кочија, поздравени од симпатизери, но и со изливи на незадоволство на критичари на монархијатаФотографија: Vadim Ghirda/AP/picture alliance

Кралското семејство мора постојано да ги оправдува своите релативно високи трошоци, а критичарите постојано прават споредби со другите монархии, но и со републики каде шефот на државата се избира на избори, а не се одредува според раѓање.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми