Целта им била ослободување на затвореници: вооружени криминалци на Нова година нападнаа затворска установа во близина на границата со САД - со драматични последици.
Реклама
Десетици затвореници побегнаа од затворот на северот на Мексико по вооружениот напад на група припадници на, како што се верува, еден нарко-картел врз оваа установа во пограничниот град Суидад Хуарез.
Напаѓачите пукале кон чуварите на државниот затвор Чиуауа од оклопни вооружени возила по 7 часот утрината, соопштија официјалните лица.
Десет напаѓачи се убиени, но и четворица затвореници, а 24 побегнале од затворот, соопшти полицијата.
За време на нападот дошло до тепачка во затворот каде што се сместени осудени припадници на различни нарко-картели и криминални банди. Повредени се 13 затвореници, од кои 4 се во болница.
Пред затворот се собраа роднините и пријателите во исчекување на нови информации. Една жена рече оти напаѓачите биле облечени во црно и биле подобро вооружени од полицијата. Пукале на секое возило кое поминувало, додаде таа. Затворските власти ги повикаа војската и националната гарда на помош.
Суидад Хуарез со години е средиште на насилство и на конфликти меѓу дватата сопернички картели - Синалоа и Хуарез. Се проценува дека се убени илјадници луѓе во овие конфликти за време на изминатата деценија.
Во овој затвор изби побуна во август 2022 година кога, исто така, поголем број затвореници побегнаа и насилството се пренесе на улиците во градот. Беа убиен 11 луѓе.
Двата инцидента укажуваат на моќта и на влијанието кои ги имаат картелите на затворскиот систем во Мексико. Обвинителите во овој град од другата страна на американската граница, најавија подетална истрага за нападот.
Само неколку минути пред да побегнат затворениците, вооружени напаѓачи пукале на полицијата во блиската улица. Следела потера и полицијата привела 4 лица.
Во другиот дел од градот, уште двајца возачи се убиени во вооружен напад, соопшти полицијата. Властите сѐ уште не известија дали се овие напади поврзани.
Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик
Ѕидот на границата со Мексико ќе се гради. Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша соодветен декрет. На делови од границата веќе има ограда. Дали сега челикот ќе биде заменет со бетон?
Фотографија: Reuters/J. L. Gonzalez
Трамп има искуство со градење
„На нашата јужна граница ќе изградам голем ѕид. Никој не гради ѕидови подобро од мене и за тој ѕид ќе плати и Мексико.“ Тоа американскиот претседател Доналд Трамп го изјави во текот на кампањата. Досега тој градеше пред сѐ висококатници и хотели. Ѕидот на границата е на прво место на неговиот план од 10 точки во делот на политиката на доселување.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/C. Torres
Крај кој завршува „нигде-никаде“
Границата меѓу САД и Мексико е долга околу 3.200 километри. Од нив со жица се обезбедени околу 1.100 километри. Границата минува низ четири американски и шест мексикански сојузни држави, минува низ пустина и големи градови. Поради лошата пристапност, еден мал дел од границата во Њу Мексико е отворен. На други места пак патролираат службеници за заштити на границата.
Фотографија: Reuters/M. Blake
Несовладлив челичен џин
Бројот на илегални доселеници во САД се проценува на околу 350.000 годишно. Голем дел од нив доаѓаат од Мексико. Дел од доселениците од Мексико се толерираат. Од друга страна, мексиканските семејства не добиваат виза. Доселениците си посакуваат подобар живот, работа и повеќе пари за своите семејства.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Zepeda
Само мал допир
Семејствата живеат разделени со ограда. Прегратка не е можна. Во најдобар случај низ челичните шипки може да се протне рака. Ако Доналд Трамп го оствари најавеното, тогаш наместо челик овде ќе има бетон. Тогаш и мал допир нема да биде можен.
Фотографија: picture-alliance/ZumaPress/J. West
Од изолација до предрасуди
„Кога Мексико праќа луѓе, тогаш не ги испраќа најдобрите“, рече Трамп во текот на кампањата. „Испраќа луѓе кои прават многу проблеми. Тие носат дрога, злосторства, силувачи. Некои, би рекол, се и добри луѓе.“ Трамп сака да ги протера илегалните доселеници, барем оние кои се со криминално досие. Сепак, и покрај заканите, многу Мексиканци не се откажуваат од своите планови за бегство во САД.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Bull
Пустина, граница и назад
За некои Мексиканци сонот завршува на границата. Тие завршуваат в затвор. Други за илегално минување преку границата плаќаат со својот живот. Медиумите критикуваат дека безбедносните сили пукаат преку границата. Дури во 2015 година за тоа првпат е обвинет припадник на американската погранична служба.
Фотографија: Reuters/D.A. Garcia
Со сачмарка против непожелните гости
Џим Чилтон, американски фармер, во патрола низ својот имот. Неговата фарма на површина од 200.000 квадратни метри на југоистокот од Аризона граничи директно со Мексико. Помеѓу има само бодликава жица. Чилтон се смета себеси лично одговорен за безбедноста и одвреме-навреме посега по сачмарката.
Фотографија: Getty Images/AFP/F.J. Brown
Чуден крај
„Тортиља ѕид“ е потценувачкиот назив на 22,5 километри долгиот дел од границата меѓу Отеј Меса Бордер Кросинг во Сан Диего (Калифорнија) и Пацификот. Оградата завршува во водата. За да се побегне на другата страна е доволно само да се исплива околу оградата.