1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Крвав вооружен напад во училиште во Русија

ЖА / агенции
26 септември 2022

Во напад со оружје во училиште во рускиот град Ижевск се убиени најмалку 13 лица, меѓу жртвите се и седум деца, соопштија надлежните истражни органи. Напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето.

Вооружен напад во училиште во Ижевск
Вооружен напад во училиште во ИжевскФотографија: Sergey Kuznecov/SNA/IMAGO

Бројот на жртви во пукањето во училиште во Русија се искачи на 13, од кои седум се деца и шест возрасни, меѓу нив два наставници и две лица од обезбедувањето, додека бројот на ренети е 21, од кои 14 се деца, соопшти националниот истражен тим. Министерството за внатрешни работи на Република Удмуртија претходно утрово соопшти за шест мртви и 20 ранети. Истражниот комитет ја потврди информацијата на руското министерство за внатрешни работи, според која вооружениот стрелец извршил самоубиство, полицијата го пронашла неговото тело.

Надлежниот гувернер Александер Бречалов на видео објавено на Телеграм настапи видно потресен. Неидентификувано лице упаднало во училиштето број 88 во Ижевск, и откако убило еден од стражарите, отворило оган во училишната зграда, првенствено пукајќи во децата, соопшти гувернерот.

Меѓу жртвите во нападот има повеќе децаФотографија: Ilyas Bekmansurov/TASS/picture alliance

Во меѓувреме училиштето е испразнето и опколено, изјави гувернерот, според кого на терен веќе пристигнале припадници на руската Национална гарда, на разузнавачката служба ФСБ и на локалните истражни органи. Шефот на истражниот тим, Александер Бастрикин даде првични детали за напаѓачот, 34-годишен човек: „Тој е идентификуван како поранешен ученик во училиштето, за време на нападот носел црна маица со нацистички симболи и бил маскиран.“

Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, делото го нарече терористички акт, а за убиецот изјави дека според сѐ, тој припаѓал на неофашистичка организација или група.“ 

Ижевск, со околу 650.000 жители, се наоѓа на околу 1200 километри источно од престолнината Москва и е главен град на руската Република Удмуртија.

Вооружени напади во Русија  порано беа реткост, но во изминатите години тие зачестија. Рускиот претседател Владимир Путин по последниот инцидент од ваков вид зборуваше за феномен увезен од САД и ги критикуваше ваквите насилни дела  како пропратен ефект на глобализацијата.

Напад во училиште на Крим

01:23

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми