1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКосово

Курти за ДВ: Да се спроведе договорот од Брисел и од Охрид

13 септември 2023

Косовскиот премиер ја повикува ЕУ да ѝ се закани на Србија со повлекување на инвестициите и враќање на визите. Во интервју за ДВ, Курти вината за ситуацијата во северно Косово му ја припиша на Белград.

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за ДВ
Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за ДВФотографија: Bekim Shehu/DW

По неколкумесечно затишје, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се сретнат во четврток (14 септември) во Брисел.

Курти пред средбата инсистира да се имплементира договорот постигнат во Брисел во февруари, а конкретизиран во март годинава во Охрид, РСМ.

„Тоа треба да се направи безусловно, целосно и без одлагање. Тогаш бев подготвен да го потпишам. Затоа, не смее да има сомнеж дека јас сум премиер ориентиран кон решенија“, вели премиерот на Косово, Курти во интервјуто за ДВ.

На прашањето кога ќе се формира Заедницата на српските општини (ЗСО), Курти не одговори конкретно, но потсети дека и ЗСО е дел од тој договор.

„Не сакам кршење на правата на Србите, не сакам каква било форма на дискриминација. Јас сум предолго дискриминиран како Албанец и како политички активист. Но, во исто време, тоа не може да биде привилегија со која ќе се дискриминираат другите. Ни треба еднаквост, владеење на правото и европски вредности“, рече косовскиот премиер.

Albin Kurti: No 'eruption of violence' in northern Kosovo

10:50

This browser does not support the video element.

Курти ги повика Србите да учествуваат во петицијата за смена на четворица албански градоначалници на општините на северот на Косово, со цел да се отвори патот за нови избори.

„Тие градоначалници имаат шуплив легитимитет, но никој друг таму нема легитимитет. На функција се доаѓа преку избори, а не преку насилен екстремизам“, рече тој.

Бара притисок врз Србија

Според Курти, ЕУ треба да ѝ се закани на Србија со повлекување на економските инвестиции и воведување визи. Тогаш, убеден е, Белград веднаш би се согласил да го спроведе договорот од Брисел и од Охрид.

„Србија не се оградува ниту од своето криминално минато од времето на Милошевиќ, ниту од сегашната соработка со Руската Федерација и со Путин. Потребно е тоа двојно растојание“, додаде Курти.

„Србија не е демократска земја, таа е предводена од автократ. Ако сте дарежливи и толерантни кон автократите, тие тоа погрешно го сфаќаат како знак на слабост и страв. Затоа морковите не делуваат.“

Како што оцени, настаните на северот на Косово одредуваат две работи кои сѐ уште се актуелни. „Прво, таканаречениот проект за размена на територии што создаде фантазија на Северот дека ќе се приклучат на Србија - тоа нема да се случи. Втората е обидот на Србија да ги дестабилизира Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, обидувајќи се да им каже на ЕУ и на САД - 'Дајте ни нешто некаде, бидејќи сме незадоволни од насилниот распад на Југославија'. А знаеме дека тие го предизвикаа тој распад“, додава Курти.

Нова средба меѓу Вучиќ и Курти е закажана за четврток на 14 септември во БриселФотографија: Frederic Sierakowski/AP Photo/picture alliance

Санкциите против Приштина „бизарни“

Соговорникот на ДВ ги нарече „бизарни“ американските и европските санкции против Приштина. „Затоа што на крајот на мај сите видоа кој ги напаѓаше војниците на КФОР, косовската полиција и новинарите. Тие насилни екстремисти, таа фашистичка паравојска, е составена од десетици луѓе. Некои од нив се во косовски затвори, останатите отидоа во Србија.“

Лидерот на „Самоопределување“ смета дека е неправедно обвинет за ескалацијата на Северот на Косово и вели дека виновниците треба да се бараат во Белград.

„Не се согласувам со моите европски и американски пријатели кога зборуваат за 'ерупција на насилство' на Северот. Немаме вулкани на Северот, така што не можеме да зборуваме за ерупции - насилството има агенда и луѓе кои го спроведуваат“, додаде Курти.

„Ги именував во парламентот на Косово за да покажам дека немам проблем со српската заедница, туку со мал дел од српското малцинство кое е директно финансирано и му се наредува од Белград да се обиде да ја дестабилизира нашата млада демократска република.“

Курти заклучи дека сегашната состојба е многу подобра од пред неколку месеци. „Но, дали ќе остане мирно, многу зависи од тоа какви цели и однесувања ќе следи Белград есенва.“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми