1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Лавина реакции: преполовена казна за возач кој прегази дете

ДТЗ /МИА
7 август 2023

Апелациониот суд ја намали затворската казна од 18 на 8 години за возачот кој лани на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, по што избега.

пресуда
Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес од петчлениот Кривичен совет во март годинава.Фотографија: picture alliance/imageBROKER

Лавина реакции предизвика одлуката на Апелациониот суд од Скопје да ја преполови затворската казна за возач кој прегази дете на пешачки премин во Велес. Судот одлучи да ја намали затворската казна од 18 на 8 години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој минатата година на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, по што избега.

Јавната седница е одржана на 3 јули годинава, а одлуката е донесена на 10 јули и наскоро ќе биде објавена. 

Пресудата се однесува на првостепената пресуда, која е преиначена само во делот за кривичната санкција и е осуден на единствена казна затвор од осум години, во која му се пресметува и времето поминато во притвор од 19 декември 2022 година, до започнување со издржување на казната затвор. Во останатиот дел пресудата се потврдува. 

Благите казни за предизвикувачите на сообраќајни несреќи со жртви предизвикуваат лавина реакции во јавностаФотографија: picture alliance/dpa

Возачот ја призна вината

Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес од петчлениот Кривичен совет во март годинава. На Николов му се судеше за две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Несреќата се случи  на 17 декември минатата година во 22.15 часот на пешачки премин близу ОУ „Васил Главинов“ во Велес. Возачот по два дена се пријави во полиција. Николов за време на судскиот процес призна вина и се извини на семејството и на јавноста. 

„Сол на рана“

Јанаки Митровски, адвокатот на семејството на прегазеното 11- годишно девојче вели дека „пресудата е шок за семејството и сол на рана“.

„Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна, но пресудата е шок за семејството и сол на рана. Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори“, реагира адвокатот на социјалните мрежи. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми