1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаАвстралија

Лавови избегаа од кафез во зоолошката градина во Сиднеј

Таника Годболе
2 ноември 2022

Од зоолошката градина Таронга во Сиднеј изутринава избегаа пет лавови. Тие набрзо се вратени во кафезот. Повредени нема.

Лавови во зоолошката градина Таронга
Лавови во зоолошката градина ТаронгаФотографија: Tara Malhotra/IMAGO

Група лавови изутринава избега од кафезот во зоолошката градина Таронга во Сиднеј, Австралија. Управата издаде предупредување од прв степен и ги засолни на безбедно гостите кои преноќеваат во зоолошката градина. Повикана беше и полиција.

Видео снимките покажуваат како четири лавчиња и еден лав околу 6:30 часот изутрина излегуваат од кафезот. По минувањето на првата бариера, тие сѐ уште се во простор кој е одделен од остатокот на зоолошката градина со ограда.

Вработени во зоолошката градина ја проверуваат оградата околу кафезот на лавовитеФотографија: NINE NETWORK/REUTERS

По преземањето на итни мерки, животните се вратени повторно во кафезот околу 9 часот, соопшти управата на зоолошката градина. Едно од лавчињата морало да добие опивка, а останатите животни сами се вратиле во кафезот. Како што се вели, во инцидентот нема повредени животни, ниту пак луѓе.

Таронга е најголемата зоолошка градина во Сиднеј, во која живеат седум лавови - два возрасни лава и пет младенчиња.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми