1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Лавров: Молдавија може да биде нареден „антируски проект“

ЕМФ | агенции
2 февруари 2023

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Република Молдавија би можела да биде нареден „антируски проект“.

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија
Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на РусијаФотографија: Evgenia Novozhenina/REUTERS/dpa/picture alliance

По Украина, Република Молдавија би можела да биде наредниот „антируски проект“, смета шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Во Молдавија и Украина се отцепија делови, каде владеат проруски сепаратисти. Молдавија е на западната границана Украина. Владата во Москва го обвинува Западот дека сака да се проширува на Исток, во зоната на влијание на Русија.

Лавров денеска (2.02) изјави дека не постои сомнеж оти Западот сакал да ја претвори Грузија во следен непријател на Русија. Освен тоа, според него, Русија сака да реагира на испораката на западно оружје со поголем дострел со тоа што ќе ги помести фронтовите. Тој рече дека руските трупи ќе ја потиснат украинската армија од граничниот појас со Русија.

Шефот на руската дипломатија денеска оцени и дека на годишнината од руската инвазија на Украина, Русија сака да ги засени проукраинските манифестации. Тој информираше дека руските дипломати во моментов се во подготовки со цел да се обезбеди манифестациите организирани од страна на Западот да не бидат и единствените кои ќе го привлечат вниманието на светот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми