1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Лавров: САД се де факто во војна

ЕМФ | агенции
11 октомври 2022

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД се одамна инволвирани во војната во Украина.

Лавров: САД се де факто вмешани во војната во Украина
Лавров: САД се де факто вмешани во војната во УкраинаФотографија: Mikhail Tereshchenko/ITAR-TASS/IMAGO

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска (11.10) оцени дека САД се одамна вмешани во војната во Украина: „Ми се чини дека Американците учествуваат де факто во оваа војна долго време“, изјави Лавров на руската телевизија, додавајќи: „Оваа војна е контролирана од Англо-саксонците.“

Лавров рече дека официјални американски претставници, вклучително и портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, рекле оти САД се отворени за разговори, но Русија тоа го одбила, што, според него, не е точно:

„Тоа е лага. Не сме добиле ниту една сериозна понуда за да оствариме контакт.“ Рускиот министер за надворешни работи потенцираше и дека Русија сака да слушне предлози во врска со мировни разговори, но не може да каже како тој процес би завршил.

- повеќе: Бајден ѝ се закани на Русија поради „референдумите“

Русија нема да одбие средба меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден на претстојниот состанок на Г-20 и би го разгледала тој предлог доколку го добие, рече Лавров.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми