1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Принципи на правна државаСеверна Македонија

Владеењето на правото во Македонија стагнира

ДТЗ
30 октомври 2025

Македонија годинава е на 64 место од вкупно 143 земји на светската листа за владеење на правото, во друштво со Гана, Аргентина, Казахстан и Монголија.

Скопје
Македонија на 64. место од 143 земји за владеење на правотоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Македонија годинава е на 64 место од вкупно 143 земји на светската листа за владеење на правото, во друштво со Гана, Аргентина, Казахстан и Монголија. Земјата има оценка од 0.54 индексни поени, што е мало подобрување во однос на лани кога земјата беше на 67 место од 142 земји. Индексот на Македонија тогаш беше 0,53 поени.

Во однос на регионот, Македонија е четврта од вкупно 15 земји. Подобро се рангирани Бугарија, Косово, Грција, Хрватска и Словенија која што е на 26 место, со 0,68 индексни поени, што покажува повисоко ниво на владеење на правото.

На врвот Данска - на дното Венецуела

Црна Гора е на 55 место, Косово на 59 место, Босна и Херцеговина на 70-то место, а Албанија на 87 место на листата на земји оценети според состојбата на владеењето на правото. Србија е на 96 место од 143 земји.

На врвот на листата е Данска со индекс 0.90, по што следуваат Норвешка и Финска. Најдолу на листата се Авганистан и Венецуела.

Критериуми на оценување

Според критериумот ограничување на моќта на властите, земјата е на 80 место со оценка 0,50, според отсуството на корупција на 69. место со индекс 0,47, а според транспарентност на Владата на 66 место со оценка 0,51.

Според основните права на 53-та позиција со оценка 0,63. Кога станува збор за критериумот ред и безбедност, Македонија на 44-то место со оценка 0,80, според спроведување на регулативи на 89-та позиција со 0,46, според граѓанска правда на 78 место со индекс 0,51 и според кривична правда на 70 место со 0,46 поени.

Македонија била најдобро рангирана во 2015 година - на 46 место, по што следи континуиран пад. Најслаб индекс е забележан во 2023 и 2024 година, кога земјата била на 67.место. Ако во 2015 година, Македонија имала индекс 0.55, во наредните години тој опаднал на 0.53, за годинава да има мало помрднување нанапред со индекс 0.54, што е сличен резултат како во 2019 година.

Проектот на Светскиот проект за правда (World Justice Project) Индекс на владеење на правото е светски извор на оригинални, независни податоци за владеење на правото и алатка за унапредување на реформите за владеење на правото, глобалниот развој и деловните инвестиции низ целиот свет.

Тој се состои од податоци за секоја земја поединечно на ограничувањата на владините овластувања, а се истражува и транзицијата на власта, отсуство на корупција, дали владините функционери ги користат јавните функции за приватна корист, отвореноста на владата, граѓанска правда ослободена од дискриминација и корупција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми