1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Воени авиони над плажата

Ненад Крајцер | агенции
6 август 2022

Тешко е да се поверува, но на окупираниот Крим, недалеку од жариштата на жестоки битки, граѓаните на Русија летуваат. Ним не им пречат воените авиони над плажата.

Плажа во Јалта на Крим фотографирана во 2021 година
Плажа во Јалта на Крим фотографирана во 2021 годинаФотографија: Ulf Mauder/dpa/picture alliance

Александра Румјенцева се сонча на една плажа на окупираниот Крим. Во бело бикини седи на една плажа во близината на пристаништето во Севастопол и гледа во бистрата вода на Црното море. Го крева погледот кога над неа прелетуваат руски воени авиони.

2.500 километри до плажа

„Секако не можам да кажам дека сме опуштени“, вели оваа 31-годишна Русинка. Фронтот е одалечен околу 300 километри од Севастопол. И покрај тоа Румјенцева со целото семејство дошла од 2.500 километри одалечениот Санкт Петерсбург. „Ако забележиме дека состојбата ќе се влоши ќе заминеме“, вели таа. Поради рускиот напад врз Украина и санкциите кои следеа, туристичките центри во Европа и во останите земји на Запад се недостапни за руските туристи.

Руски воени бродови во пристаништето во Севастопол на КримФотографија: DePo/YAY Images/IMAGO

Но, и патот до Крим деновиве е сѐ освен едноставен. Поради воените случувања и забранетите воздушни зони, прелетот на цивилни авиони преку југот на Русија е забранет. Крим е достапен по копнен пат и тоа преку еден мост кој Москва го изгради пред неколку години. „Многумина беа загрижени поради гласините оти мостот може да стане цел на напад“, вели Румјенцева. На патот кон Севастопол, седиштето на руската црноморска флота, семејството од Санкт Петерсбург видело многу воени конвои кои веројатно се движеле кон фронтот.

Помалку туристи

Но, ако се изземат понекој воен авион кој го прелетува овој дел од брегот и воените бродови кои се гледаат во далечина, на плажата ништо не оддава дека на неколку стотици километри од тука беснее војна: децата се пливаат во плиткото, повеќето луѓе се разладуваат во водата, мажите пијат пиво и прават скара.

Но, во центарот на Севастопол ситуацијата е поинаква. Насекаде ечи патриотска музика, во продавниците за сувенири се продаваат предмети со буквата „З“, симболот на руската агресија на Украина. Но, патриотскаите кулиси не можат да го сокријат фактот дека годинава има многу помалку туристи од обично.

#dw_BalkanBooster: Уметнички дела за помош на луѓето во нужда

02:03

This browser does not support the video element.

Полуостровот, кој во 2014 година го анектираше Русија се граничи со украинскиот регион Херсон, кој во моментов се наоѓа под руска контрола. Во близина се и останатите области во кои се водат жестоки борби. Украина не отстапува од тоа овие јужни подрачја да ги врати под своја контрола, а сѐ почесто можат да се слушнат и најави за напад на Крим.

Алберт Агагулјан е сопственик на мал ресторан на плажата во Севастопол. Пензионираниот воен пилот се жали оти годинава своето дете не може да го испрати на одмор во детски камп, бидејќи не заработил доволно. „Нема туристи. Луѓето не доаѓаат бидејќи се плашат“, заклучува тој.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми