1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаГлобално

Лето 2024 - најтопло од почетокот на мерењата

СН/агенции
6 септември 2024

Иако температурите во август во делови од Европа беа под просекот, климатските промени не прават пауза. Тековната година е на добар пат да постави нов топлински рекорд.

Атина, лето 2024: за време на еден од повеќето топлотни бранови
Атина, лето 2024: за време на еден од повеќето топлотни брановиФотографија: Nikolas Kokovlis/NurPhoto/Imago Images

Летото 2024 година ги собори глобалните топлински рекорди втора година по ред, поради што веројатно ќе биде најжешкото лето од кога се евидентираат податоците, соопшти денеска европската служба за климатски промени Коперник.

Коперникус почна да ги бележи временските услови во 1940 година, а тие датотеки ги користеле научниците за да потврдат дека летото на северната хемисфера - од јуни до август - било најтопло од прединдустрискиот период од 1850 година.

„Во текот на изминатите три месеци, светот се соочи со најтоплите јуни и август, најтоплиот ден во историјата и најжешкото бореално лето“, рече заменик директорката на Коперник, Саманта Берџес.

Таа истакна дека екстремните временски услови ќе станат уште поинтензивни доколку земјите не ги намалат емисиите на гасови кои ја загреваат планетата.

Променливата клима продолжи да предизвикува катастрофи летово, а во Судан, поплавите предизвикани од обилните дождови минатиот месец погодија повеќе од 300.000 луѓе и придонесоа за ширење на колерата во земјата разурната од војна.

Научниците, исто така, потврдија дека климатските промени предизвикуваат суша на италијанските острови Сицилија и Сардинија, и дека го засилиле тајфунот Гаеми, кој помина низ Филипините, Тајван и Кина во јули, убивајќи повеќе од 100 луѓе.

Уште едно скопско изгор лето

03:52

This browser does not support the video element.

Климатските промени предизвикани од човекот и природниот временски феномен Ел Нињо, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, доведоа до рекордно високи температури порано годинава.

Коперникус соопшти дека подпросечните температури во екваторијалниот Пацифик минатиот месец укажуваат на премин во Ла Ниња, постудениот пандан на Ел Нињо, но и покрај тоа, рекордно високи температури се забележани во различни делови на светот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми