1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ли Чијанг е нов премиер на Кина

Рајнхард Клебер
11 март 2023

Нов премиер на Кина е Ли Чијанг, еден од најблиските луѓе на претседателот Ши Џинпинг. За него гласаа речиси сите делегати на Народниот конгрес во Пекинг.

Ли Чијанг важи за прагматичен и про-бизнис настроен
Ли Чијанг важи за прагматичен и про-бизнис настроенФотографија: Noel Celis/AFP/Getty Images

Ли Чијанг е избран за нов кинески премиер - очекувано - со огромно мнозинство гласови од делегатите на Народниот конгрес. Од речиси три илјади делегати, против гласаа само тројца, а осуммина беа воздржани. Ли Чијанг доаѓа на местото на досегашниот премиер Ли Кечијанг, кој важеше за умерен и кој во понеделник заминува во пензија по два петгодишни мандата.

63-годишниот Ли е човек од најтесниот круг соработници на претседателот Ши Џинпинг. Тој беше негов шеф на кабинет во периодот помеѓу 2004 и 2007 година, кога Ши беше партиски секретар во провинцијата Жеџијанг, во источна Кина. Ши вчера (10.03) доби историски трет мандат од Народниот конгрес. Тој самиот го трасираше патот за трет мандат, кога во 2018 година ја укина границата од два претседателски мандата.

Државниот и партиски лидер Ши го користи Народниот конгрес за дополнително да ја прошири својата моќ. На еднонеделниот конгрес се прави најголемата реконструкција на владата во последните десет години, на која се промовираат главно лица од доверба на Ши Џинпинг.

Премиерски мандат во сенка на моќниот претседател? (фото: премиерот Ли Чијанг со кинескиот претседател Ши Џинпинг)Фотографија: Mark Schiefelbein/AP/picture alliance

Долга кариера на Ли во Комунистичката партија

Ли Чијанг зад себе има долга кариера, која ја помина главно на просперитетниот источен брег на Кина. Како партиски секретар во Шангај, тој ги бранеше интересите на бизнисот и истовремено промовираше странски инвестиции. За време на неговиот мандат, се изгради фабрика на Тесла во градот. „Тој не зборува толку многу за идеологија, туку повеќе за тоа како да се прават работите“,оценува Нис Гринберг од институтот за кинески студии Мерикс во Берлин.

Под надзор на Ли Чијанг, Шангај првично се справуваше со вирусот помалку рестриктивно од многу други региони во Кина за време на пандемијата на корона. Сепак, со оглед на тоа што метрополата не можеше да се справи со еден пандемиски бран во пролетта 2022 година, градот конечно беше ставен во двомесечен локдаун.Ова очигледно не му нанесе политичка штета на Ли.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми