1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лимински: Силно верувам во ЕУ-членство на Северна Македонија

БГ
21 март 2023

И покрај агресивното и навредливо однесување на Бугарија, спорот треба да се надмине, вели во разговор за ДВ министерот за Европа на германската покраина Северна Рајна Вестфалија Натанаел Лимински

Натанаел Лимински
Натанаел Лимински, министер за Европа на германската покраина Северна Рајна Вестфалија Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Многу меѓународни претставници деновиве порачуваат дека годинава ќе биде клучна за европската интеграција на земјата. Како Вие гледате на тоа прашање со оглед дека е очигледно оти нема консензус за уставните измени? 

Лимински: Прво, дојдов тука за да испратам силен сигнал. Северна Македонија и Германија имаат 30 години дипломатски односи, имаме две години партнерство меѓу Северна Рајна-Вестфалија и Северна Македонија и дојдов да испратам сигнал дека силно верувам во ЕУ-членство на Северна Македонија.

Мораме да пратиме сигнал, зашто можам да разберам дека скептицизмот расте кон процесот на приклучување, бидејќи веќе поминаа 18 години во кои Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ.

Како што рековте, годинава ќе биде критична и клучна за членството во ЕУ на Северна Македонија бидејќи имаме консензус дека треба да има уставни промени до ноември.

Иако, морам да кажам дека мислам дека Бугарија се однесува навредливо и агресивно кон Северна Македонија, сепак, мора да се реши проблемот.

Но покрај тоа, мора да покажеме дека има јасен распоред и рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ за да ја задржиме довербата во процесот и јас, како министер за меѓународни работи во најголемата покраина во Германија, тука сум да го пратам сигналот.

Германија е еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија. Владата на Северна Рајна Вестфалија пред две години потпиша договор за соработка со македонската влада. Како тече таа соработка? 

Лимински: Како што знаете, сојузната влада во Германија е одговорна за надворешната политика. Но кога станува збор за економијата, за безбедноста, за образованието, одговорни се покраините и затоа го направивме ова партнерство за да најдеме конкретни проекти за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. 

Лимински: Силно верувам во ЕУ-членство на Северна Македонија

01:33

This browser does not support the video element.

Почнавме многу од нив, на пример, соработка меѓу полицијата. Функционери од Северна Македонија беа во Диселдорф, во нашиот главен град, минатиот ноември.

Дојдов заедно со бизнис делегација која разговара со бизнисмени од Северна Македонија за да договорат соработка во повеќе индустриски гранки. Бев во зоната за слободна трговија каде што „Гересхајмер“, традиционална компанија од Диселдорф, инвестира многу пари во државава. Со тоа, покажуваме дека сме сериозни и станавме партнери и имаме сигурно партнерство.

Многу германски производители го селат производството од Украина поради руската агресија. Може ли Северна Македонија да ги привлече тие инвеститори? 

Лимински: Како што научивме во пандемијата, како и во последната година по почетокот на војната во Украина, мораме да го видоизмениме нашиот ланец на набавки и многу германски компании бараат места во светот каде што можат да најдат нови партнери за да го изменат својот ланец на набавки, а Северна Македонија е многу атрактивно место за инвестирање и барање партнери. И затоа мислам дека има растечка свесност меѓу германските бизнис лидери да инвестираат тука и да најдат место за нивната компанија во оваа убава држава. 

Натанаел Лимински во разговор со новинари во СкопјеФотографија: Arbnora Memeti/DW

Со години многу германски компании инвестираат во Северна Македонија и се задоволни, но се слушаат и критики на сметка на владата пред се поради долгите и бавни бирократски процедури. Разговаравте ли за овие проблеми и може ли да се подобрат условите за германските инвеститори? 

Лимински: Она што го видов од мојата посета на индустриската зона во близина на Скопје е дека имаат многу брзи процедури за привлекување на странски инвеститори, а сега се обидуваат да ги имплементираат тие процедури и за домашни компании, што е многу добра одлука. Кога ги гледам временски рамки на инвестиции во слободните зони, тоа е всушност многу брзо. Мислам дека најдобриот начин во иднина е тоа да се имплементира во целата земја, а тоа ќе мора секако да се направи кога Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ за одреден број години, затоа што повеќе нема да имате слободни трговски зони, туку правилата ќе важат за целата земја.

Се сретнавте со новинари од Дојче веле и од МРТВ и ги слушнавте нивните ставови. Како медиумите да се изборат со лажните вести и дезинформациите? 

Лимински: Прво, мора да видиме дека борбата со лажните вести е една од главните задачи на доброто новинарство низ цел свет, но посебно сега во Европа. Почнавме проект за да помогнеме на медиумите во Северна Македонија што се соочуваат со оваа закана од Русите и мислам дека јавните сервиси мора да имаат советодавни одбори што го контролираат системот, но мора да бидат независни. Не треба да бидат избирани или назначени од владата. Такво искуство имаме во Германија дека е добро да имаме сигурен систем за контрола што не е директно зависен од моменталната влада зашто инаку, довербата ќе се изгуби, а, како што сите знаеме, довербата е главен извор за добар медиум.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми