1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Литургија во Охрид: ПОА се припои кон МПЦ-ОА

ДТЗ
5 јуни 2023

Се споија ПОА и МПЦ-ОА. Српскиот партијарх Порфириј е одликуван со орден на Свети Кимент Охридски од прв ред, додека тој на архиеписокопот Стефан му врачи златен жезол.

МПЦ-ОА
Со литургија во Охрид, црквата на Вранишковски се припои кон МПЦ-ОАФотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Со света архиерејска литургија во црквата Света Софија во Охрид, црквата на Јован Вранишковски - Православната Охридска Архиепископија (ПОА) се спои со Македонската православна црква  - Охридска архиепископија. Одлуката ќе се верификува на 10 јуни, на седница на Синодот.

Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г. Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Со литургијата чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ, г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Заедничката литургија следи откако на 25 април во Скопје, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј информираше дека е започнат процес на интеграција на Православна Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски во МПЦ-ОА. Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА. Во изминатиот период двете цркви ја усогласуваа поделбата на епархиите. 

Орден за српскиот патријарх и златен жезол за архиепископот на МПЦ-ОАФотографија: Petr Stojanovski/DW

Орден за српскиот патријарх, златен жезол за архиепископот 

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во Охрид го одликуваше српскиот патријарх со орден на Свети Кимент Охридски од прв ред, за покажаната љубов кон македонската црква.

„Се радувам и поради поводот, а тоа е една година од кога ја славиме вистинската и права педесетница овде во Охрид и Белград, а тоа значи го славевме роденденот на црквата Христова и секако по повод доделувањето на томосот на вашата автокефална црква во Македонија. Сѐ што имаме, што мислиме, што вреди и е од Бога, затоа е и тој дар да можеме во име на божјиот дух да се видиме како сестрински цркви, тоа е божји дар. Иако Бог секогаш дарува, неопходно е и ние да ја разбереме неговата волја и да послужиме неговата волја да се исполни“, рече Порфириј.

Тој на македонскиот поглавар му подари златен жезол. „Знам дека веќе имате жезол, но јас би сакал да ви подарам уште еден“, му рече патријархот на архиепископот. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми