1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоОбединето Кралство

Лондон: Асанж може да се жали против екстрадицијата во САД

ЖА
20 мај 2024

Етапна победа за ко-основачот на Викиликс - дозволено му е да поднесе жалба во Велика Британија на неговата екстрадиција во САД .

Протест на поддржувачите на Асанж пред судот во Лондон
Протест на поддржувачите на Асанж пред судот во ЛондонФотографија: Kin Cheung/AP Photo/picture alliance

Високиот суд во Лондон смета дека гаранциите од американската страна се недоволни. На Џулијан Асанж му е  дозволено да поднесе жалба  против заканувачката екстрадиција во САД под обвинение за шпионажа, беше одлучено од страна на Високиот суд во Лондон. Со тоа засега е спречено итно  испорачување на 52-годишниот ко-основач на Викиликс.  Судот не ги сметаше за задоволителни гаранциите што ги дадоа САД во случај на екстрадиција.

Асанж објави цела серија тајни американски документи поради што САД го обвинуваат Австралиецот, меѓу другото, за предавство на тајни што ги загрозувале човечките животи, а од друга страна, поддржувачите го гледаат Асанж како новинар кој открил наводни воени злосторства. Обелоденувањето на тие тајни информации е од јавен интерес и процесот е политички мотивиран, тврдат тие. Меѓутоа, американската влада е на мислење дека  активностите на Асанж ги надминуваат оние на новинар.

Во март, Високиот суд првично ја блокираше екстрадицијата на Асанж во САД зашто двајца судии побараа САД да гарантираат дека Асанж нема да се соочи со смртна казна доколку биде осуден. Сега се одржа уште едно рочиште. Адвокатите на Асанж објаснија пред судот дека САД му дале на основачот на Викиликс „еклатантно несоодветни“ гаранции дека ќе ја ужива заштитата на слободата на печатот загарантирана со Уставот на САД доколку биде екстрадиран во Америка.

Правниот спор на Асанж  се одолговлекува повеќе од десет години. Асанж пет години се наоѓа во високо обезбедуваниот затвор Белмарш во Лондон. Окружен суд во Велика Британија во 2021 година го одби барањето на САД за екстрадиција, со образложение дека Асанж најверојатно ќе си го одземе животот доколку биде  задржан под строги затворски услови. Повисоките инстанци ја поништија пресудата откако САД дадоа гаранции. Британската влада потпиша налог за  екстрадиција на Асанж  во јуни 2022 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми