1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април

ДТЗ
21 април 2023

Преку Франкфурт, патниците од Македонија ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

Луфтханза
„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 априлФотографија: DANIEL ROLAND/AFP/Getty Images

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт на Меѓународниот aеродром Скопје, в недела ќе биде промовирана новата авиолинија Франкфурт-Скопје на германската авиокомпанија „Луфтханза“. Со тоа ќе се означи влезот на оваа авиокомпанија на македонскиот пазар.

Како што информираат од ТАВ Македонинија, на настанот е предвидено да присуствуваат и да се обратат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, германската амбасадорка во земјата Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, и регионалниот директор на групацијата Луфтханза, Петер Пулем.

Десет лета неделно

Германскиот авиопревозник Луфтханза по подолго време се враќа на македонското небо. Станува збор за субвенционирани летови од страна на Владата, коишто беа најавени неодамна од премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. 

 „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно. Преку Франкфурт, патниците од земјата ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Виз Ер“, од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и до Љубљана. „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми