Луисвил: Шест загинати во новиот вооружен маскр во САД
11 април 2023Банкарски службеник уби пет лица, а рани осум во вооружен нападво банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки. Меѓу убиените е и напаѓачот, кој во живо го пренесуваше пукањето на Инстаграм. Ранетите се пренесени во болница, меѓу кои има и двајца повредени полицајци. Жртвите се на возраст меѓу 40 и 64 години.
Меѓу деветте повредени е и полицаец кој дипломирал на полициската академја пред само две недели. Полицаецот бил застрелан во главата и сѐ уште е во критична состојба по операцијата на мозокот.
Очевидци за американските медиуми изјавија дека вооружениот напаѓач отворил оган во конференциската сала на Старата народна банка во центарот на градот во 8 часот и 30 минути по локално време.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, се трудеше да не заплаче додека зборуваше за блиските пријатели кои беа убиени во нападот. Тој рече дека неговиот „неверојатен пријател“, Томи Елиот, потпретседател во банката, бил меѓу жртвите. „Томи Елиот ми помогна да изградам кариера како адвокат, ми помогна да станам гувернер, ми даде совети како да бидам добар татко“, рече Бешеар.
Заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри, изјави дека полицајците пристигнале на местото на настанот во рок од три минути и го затекнале вооружениот напаѓач додека сè уште пука. Осомничениот починал по размена на оган со полицијата, но не е соопштено дали е убиен од полицијата и дали се самоубил.
Според статистичките податоци, годинава во Америка имало повеќе масовни пукања отколку што има денови. Ова е 146-та престрелка со повеќе од четири повредени или убиени во Америка од почетокот на годината, а 10 април е 100-ти ден.
Американскиот претседател Џозеф Бајден го опиша пукањето како „бесмислен чин“ и ги повика републиканците во Конгресот да преземат мерки за контрола на оружјето. Многу републикански сенатори ги претставуваат државите со големи заедници кои поддржуваат оружје.