1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБелорусија

Лукашенко ја стави армијата во состојба на готовност

ЕМФ | агенции
16 мај 2023

По повеќедневни шпекулации во врска со неговата здравствена состојба, белорускиот претседател Лукашенко се појави во јавност и ја стави армијата во состојба на готовност.

Александар Лукашенко
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во посета на командата на воената авијацијаФотографија: Belarus' Presidential Press Office/AP/dpa/picture alliance

Белорускиот престедател Алескандар Лукашенко, по повеќедневни шпекулации околу неговата здравствена состојба и наводен престој во болница, се појави во централната команда на воената авијација. На три фотографии објавени од претседателскиот кабинет во Минск, Лукашенко може да се види во воена униформа, со уморен израз на лицето и завој на левата рака. 68-годишниот белоруски претседател објави дека воените сили ќе бидат ставени во состојба на готовност.

Лукашенко рече дека неговата земја „морала да реагира“ по „соборувањето на четири авиони“ во рускиот регион Бријанск, која се наоѓа меѓу Белорусија и Украина. Во саботата (13.05) на руските онлајн мрежи се појавија слики од неколку паднати авиони во областа Бријанск, од кои на едната е прикажан хеликоптер кој наводно бил погоден од проектил и се запалил. Руските власти досега потврдија само „пад“ на хеликоптер, без да наведат детали.

Лукашенко рече дека неговата земја „морала да реагира“ по „соборувањето на четири авиони“ во рускиот регион БријанскФотографија: Belarus' Presidential Press Office/AP/picture alliance

Украинската воена авијација тврди дека руската противвоздушна одбрана самата ја соборила својата техника и дека од небото се соборени два, а не еден хеликоптер. Според наводи од Киев, борбените авиони требало да бидат употребени за нови напади врз Украина.

Лукашенко, кој е на функција од 1994 година, пред да ја посети воената авијација последен пат беше виден во јавност на парадата по повод годишнината од советската победа над нацистичка Германија. Минатата недела, меѓу другото, откажа и оброк со рускиот претседател Владимир Путин и други состаноци. Портпаролот на Лукашенко не го коментираше отсуството, а во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, вчера рече дека новинарите треба „да им веруваат само на официјалните информации“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми