1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБелорусија

Лукашенко: За атомски напад ми е доволен повик кај Путин

ЖА / агенции
14 јуни 2023

Белорусија добива атомско оружје од Русија, но смее да го употреби само со согласност од Москва. Белорускиот претседател Лукашенко смета дека дозволата би ја добил многу едноставно.

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот, Александар Лукашенко
Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот, Александар ЛукашенкоФотографија: Gavriil Grigorov/Pool/Sputnik/Kremlin/AP/dpa/picture alliance

Белорускиот властодржец Александар Лукашенко му се закани на Западот со употреба на атомско оружје. Во случај на криза, тој може во секој момент да се јави кај рускиот претседател Владимир Путин, како што изјави денеска за руската телевизија. „Каков проблем би било координирање за еден ваков случај: Тоа не е никаков проблем“, истакна Лукашенко.

Во Белорусија почна стационирањето на руско атомско оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин го најави во март, со уверување дека тоа ќе остане под контрола на Кремљ.

Потребата од атомско оружје е условена од нужноста Белорусија да се заштити од напад, Западот со години се обидува да ја растури земјата, тврди Лукашенко, но со атомско оружје во неа, таа сега е сигурна. „Бомбите се гтрипати посилни од оние кои беа користени во Хирошима и Нагасаки. Околу еден милион луѓе би доживеале веднаш смрт. Бог да не` чува од тоа да го искористиме ова оружје“, порача Лукашенко.

Белорусија е најверниот сојузник на Русија и ја стави на користење својата територија за рускиот напад против Украина. По доброволното откажување од нејзиното нуклеарно оружје по распадот на Советскиот Сојуз во 1990-те години, земјата сега првпат добива атомски ракети. Во Белорусија ќе бидат складирани Искандер ракети кои можат да бидат опремени со атомски боеви глави. Повеќе белоруски борбени авиони ќе бидат преадаптирани за користење на новото атомско оружје.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми