1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Љупчо Палевски уапсен во Турција

БГ
5 декември 2023

Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во вторникот е уапсен во Турција, во градот Беликесир. Министерот Спасовски очекува негова екстрадиција

Љупчо Палевски е уапсен во Турција
Љупчо Палевски е уапсен во ТурцијаФотографија: DW

Љупчо Палевски-Палчо е уапсен во Турција, каде избега откако полицијата му влезе во трага за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палевски бил пронајден во градот Беликесир, во западна Турција, меѓу Бурса и Измир. 

Веста ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вторникот вечерта, на вонредна прес-конференција.  

„Штотуку добиевме известување од Турција дека креаторот, планерот и директниот извршител на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода на нивна територија. Тоа беше последната алка од овој грозоморен чин, за да кажеме дека сме завршиле се што беше во надлежност на МВР“, рече Спасовски. Тој упати благодарност до Турција, Србија и Бугарија за помошта во пронаоѓањето на Палевски, како и до колегите од Хрватска кои самоиницијативно извршиле проверка на нивната територија. 

„Посакував фаќањето на злосторникот да оди брзо. Сега можам да кажам дека нашето заврши“, рече Спасовски и дополни дека постапката за екстрадициониот притвор ќе ја продолжи министерството за правда.  

Спасовски информираше дека е поднесена и кривичната пријава против петмината осомничени за убиствата. Една за грабнување и убиство, тројца за соизвршителство при убиство и грабнување, и еден за помагање во грабнување. Кривичната пријава е на 100 страници. 

Уапсен помагач на Палевски 

Полицијата, во понеделникот, распиша меѓународна потерница преку Интерпол за Љупчо Палевски - Палчо, кој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и за 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер СпасовскиФотографија: Regierung Nordmazedoniens

Во меѓувреме уапсено е и лице за кое постојат докази дека го превезувало Палевски од Србија, преку Бугарија до Турција. Обвинителството соопшти дека ова лице било регистрирано на камерите на граничните премини на влез и излез во Бугарија, од Србија кон Турција. И за него се бара притвор поради опасност од бегство. Министерот Спасовски рече дека ова лице го презело Палевски од Белград и оттаму го пренел во Турција. 

Кои се убијците на Вања Ѓорчевска

01:58

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми