1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

МААЕ бара итно повлекување на Русија од централата Запорожје

ЕМФ | дпа
18 ноември 2022

Меѓународната агенција за атомска енергија ја повика Русија да се повлече веднаш од нуклеарната централа Запорожје.

Нуклеарната централа Запорожје
Нуклеарната централа ЗапорожјеФотографија: Sergei Malgavko/TASS/picture alliance

Москва треба да веднаш да го повлече својот воен и цивилен персонал и да се откаже од „неоснованото поседување“ на нуклеарната централа на југоистокот на Украина, се вели во резолуција на Советот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) донесена вчеравечер (17.11). Советот изртазува и исклучителна загриженост што Украинците кои работат во централата билепод притисок на руската страна и поради тоа што имало и апсења.

Ова е трета резолуција на МААЕ против Русијаоткако е почната војната во Украина. Според дипломатски извори, таа добила поддршка од 24 држави. Против биле Кина и Русија, а сеудм држави биле воздржани, меѓу нив и Саудиска Арабија, Индија и Пакистан. Во документот не се спомнува можна суспензија или ограничување на членството на Русија во МААЕ, како што меѓу другото бараше Полска.

Нуклеарната централа Запорожје е под руска окупација од март годинава. Оттогаш, најголемата нуклеарна централа во Европа е постојано гаѓана. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, досега водеше неуспешни преговори со Киев и Русија околу воспоставување зона на прекин на огнот околу централата со цел да се спречи нуклеарна несреќа. Според планот на Гроси, двете страни ќе треба да се обврзат да не пукаат врз централата, а Русија ќе треба да ја отстрани и целата воена опрема од нуклеарната централа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми