1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаВенецуела

Мадуро прогласен за победник на изборите во Венецуела

ЕМФ | агенции
29 јули 2024

Изборната комисија во Венецуела го прогласи Николас Мадуро за победник на претседателските избори во земјата. Опозицијата не ја признава победата.

Венецуела | Николас Мадуро
Николас Мадуро прогласен за победник на изборите во ВенецуелаФотографија: Fernando Vergara/AP Photo/picture alliance

Николас Мадуро, според Изборната комисија во Венецуела, освоил 51,22% од гласовите на претседателските избори, додека неговиот опозициски противкандидат Едмундо Гонзалес добил 44,2% од гласовите. Претседателот на Изборната комисија, Елвис Аморосо, по пребројани 80% од гласовите, изјави дека резултатите се „неповратни“. Одзивот на изборите бил 59%.

По соопштението дека е реизбран на функцијата, Мадуро најави „мир, стабилност и правда“ во Венецуела. „Јас сум човек за мир и дијалог“, рече Мадуро пред своите приврзаници во Каракас.

Опозицијата во земјата не ги признава резултатите. Венецуела има нов претседател и тој се вика Едмундо Гонзалес, изјави опозициската политичарка Марија Корина Мачадо. Според неа, Гонзалес освоил 70% од гласовите.

Скепса во врска со официјално соопштените резултати во Венецуела изрази и американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен. „Сериозно сме загрижени дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласовите на венецуелскиот народ“, рече Блинкен. Тој им честиташе на Венецуелците за учеството на изборите „и покрај значителните предизвици и сериозната загриженост за процесот“.

Независните истражувања на јавното мислење во Венецуела пред изборите прогнозираа крај на 25-те години „чавизам (левичарска политика втемелена на идеи, програми и стил поврзани со ликот и делото на поранешниот претседател на Венецуела, Уго Чавез).

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми