1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиВенецуела

Мадуро против Маск: Социјалната мрежа Х блокирана 10 дена

СН/агенции
9 август 2024

Контроверзниот претседател на Венецуела ја обвинува онлјан Х и лично нејзиниот сопственик за поттикнување „омраза, граѓанска војна и смрт“. Вотсап исто така се најде на нишанот на Мадуро.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро сега ги идентификува социјалните мрежи како негови противници
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро сега ги идентификува социјалните мрежи како негови противнициФотографија: Matias Delacroix/AP Photo/picture alliance

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека потпишал декрет за блокирање на пристапот до онлајн платформата Х во земјата во траење од 10 дена.
Мадуро често го критикуваше сопственикот на социјалната мрежа X, Илон Маск, по претседателските избори во Венецуела и го обвини Маск дека ја користи платформата за промовирање омраза по претседателските избори во Венецуела.
„Илон Маск е сопственик на Х и ги прекрши сите правила на таа социјална мрежа“, рече Мадуро.
Според Мадуро, платформата X ја користат неговите противници за да се создаде „политички неред“. Претходно неделава, Мадуро побара од своите поддржувачи да ја напуштат апликацијата за размена на пораки Вотсап.

Досега сопственикот на X, Илон Маск, молчи за обвинувањата од КаракасФотографија: Gonzalo Fuentes/REUTERS


Претходно на платформата Х, Маск го обвини Мадуро дека е „диктатор“ и наведе дека за време на гласањето се случила „голема изборна измама“.
Државната изборна комисија соопшти дека Мадуро добил трет мандат на изборите, додека опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутиа
Изборната комисија сѐ уште не ги објави резултатите од гласањето од поединечни избирачки места. По изборите, низ Венецуела избувнаа протести, главно промовирани на социјалните мрежи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми