1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиВенецуела

Мадуро: Спречен напад врз амбасадата на САД во Каракас

СН | дпа
7 октомври 2025

Односите меѓу јужноамериканската земја Венецуела и САД во моментов се напрегнати. Според Венецуела, нападот можел да послужи како изговор за натамошна ескалација.

Поглед на влезот во американската амбасада во Каракас, Венецуела пред кој има бетонски заштитни блокови во бледо црвена боја
Откако САД и Венецуела ги прекинаа дипломатските односи во 2019 година, американската амбасада во Каракас има само дел од локалниот персоналФотографија: Ariana Cubillos/AP Photo/picture alliance

Среде тензиите меѓу Венецуела и САД, јужноамериканската земја, според сопствени извори, спречила напад врз американската амбасада во главниот град Каракас. Нападот требало да послужи како провокација за да се предизвика ескалација на насилство против Венецуела, изјави претседателот Николас Мадуро, цитиран од новинската агенција АВН. Наводните одговорни лица, според Мадуро, сè уште се во земјата и се трага по нив.

Тензиите меѓу двете земји неодамна се зголемија и поради наводното шверцување дрога во САД. Американската војска, според изјавите на претседателот Доналд Трамп, во изминатите недели неколкупати нападнала бродови во Карибите за кои се претпоставува дека биле натоварени со дрога. Во нападите досега се убиени повеќе од 20 луѓе. Ова дејствување предизвика многу критики, делумно и поради тоа што владата на САД првично не даде информации за тоа врз која правна основа постапува.

„Њујорк Тајмс“: Трамп ги прекинува дипломатските разговори со Каракас

Исто така, Трамп е сè пофрустриран што авторитарниот Мадуро не ги исполнува барањата на САД доброволно да ја предаде власта, пишува „Њујорк Тајмс“. Трамп е вознемирен и поради тоа што венецуелските владини претставници продолжуваат да тврдат дека не се вмешани во трговијата со дрога. Поради тоа, американскиот претседател минатиот четврток наредил да се прекинат дипломатските напори.

Треба да бидат прекинати и директните разговори со специјалниот пратеник на Трамп, Ричард Гренел, и Мадуро, наведува весникот. „Овој чекор го отвора патот за можна воена ескалација против дилерите на дрога или владата на Николас Мадуро“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Во меѓувреме, според медиумските извештаи, Мадуро му напишал писмо на Папата Лав XIV со молба да помогне во зачувувањето на мирот во земјата. Повеќе детали за тоа не беа објавени. Мадуро го наследи својот политички ментор Хуго Чавез на власт по неговата смрт во 2013 година. Оттогаш, тој се држи на чело на оваа земја богата со нафта, но заглавена во длабока економска и политичка криза, и покрај обвинувањата за манипулации на неколку избори.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми