1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците на гурбет во соседните земји

ДТЗ
9 август 2022

Македонските работници во потрага по повисоки плати спасот се почесто го бараат во соседните земји. Околу 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од септември ќе можат да побараат работа во Србија

Deutschland Flughafen Düsseldorf Chaos Personal Wartezeiten
Фотографија: Christopher Neundorf/Kirchner-Media/picture alliance

Македонските работници во потрага по повисоки плати спасот се почесто го бараат во соседните земји. Ако летово Хрватска беше најпосакуваната дестинација за работа на македонските шанкери и келнери, веќе од септември се отвара нова можност на македонските работници. Околу 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе можат да побараат работа во Србија без дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Ваквата можност се отвара во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ со која граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациските броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери. Предвидено е оној кој сака да се вработи во една од овие три земји, да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“. Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји. 

Поатрактивен пазар 

Со отворањето на единствениот пазар на труд, очекувањата се дека целиот регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори, бидејќи полесно ќе најдат работници што им недостасуваат. Директорот на владината Канцеларија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ за српските медиуми вели дека сите професии што и се потребни на Србија интересни им се на луѓето од Северна Македонија и Албанија.

„Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Многу се барани работниците во градежништвото и во областа на земјоделството. Треба да има многу заинтересирани и од областа на здравството, бидејќи платите овде се повисоки. Сепак, уште поважно е што како регион сите ќе станеме многу поинтересни за странските инвеститори, бидејќи побрзо и полесно ќе се дојде до работници, а тоа е една од причините тие да инвестираат во овој дел од Европа“, вели Јовановиќ. 

Потрагата по подобро платени работи места, и големиот бран на иселувања од земјата носи опасност од голем недостиг на работна сила во Северна Македонија.Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Reinhardt

Како се движат платите?

Ако во угостителството во Хрватска  платите за време на сезоната достигнуваат и над 2.000 евра, поради што јадранската ривиера стана омилена дестинација за младите работници од регионот, просечната плата во Србија е 631 евро.

Северниот сосед веќе подолг период има недостиг на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. По пандемијата, многу меѓународни компании кои имаат свои ланци на Далечниот Исток ја разгледуваат можноста производството да го доближат до матичните компании во Западна Европа. Надежите се дека Западен Балкан може да бидеме интересна дестинација за ваков тип на работа.

Во однос на информатичко-комуникациските технологии, во моментов на тоа поле во Србија се вработени 92 000 луѓе, но проценките се дека пазарот се уште е „гладен“ за нови кадри, со оглед на тоа дека  постои голем дефицит во тој сектор.

Потрагата по подобро платени работи места, и големиот бран на иселувања од земјата носи опасност од голем недостиг на работна сила во Северна Македонија. Во земјата во моментов има 7.265 слободни работни места, а најголем број се во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, во објекти за сместување и сервисни дејности со храна и во административни и помошни услужни дејности. Хигиеничарите, продавачите, општите работници и келнерите се најбараната работна сила во земјата. Охрид е речиси на врвот на листата на градови во кои недостигаат работници - по Скопје, Куманово и Тетово. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми