1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците на врвот на листата за добивање бугарски пасош

ДТЗ
12 април 2023

Според Комисијата за бугарско државјанство, 1.992 Македонци лани се стекнале со бугарски документи.

бугарски пасош
Македоците пак на врвот на листата за добивање бугарски пасошФотографија: BGNES

Македонците повторно се на врвот на листата на странци кои лани се стекнале со бугарско државјанство. Според податоците коишто ги објави порталот Сега, 1.992 Македонци лани се стекнале со бугарски пасош, по што следат Украинците (1.639), Турците (1. 290), Србите (556), Албанците (517), Молдавците (476) и Русите (356). 

Состојбата е слична со претходните две години, но тогаш бројката на Македонците коишто добиле бугарски пасош била многу поголема. Во 2021 и 2020 година, 7.696 и 9.098 Македонци добиле бугарско државјанство, како и 1.547 и 1.926 Украинци, 1.269 и 997 Албанци, 1.145 и 899 Турци, 1.127 и 1.221 Молдавци и 1.053 и 1.228 Срби. Ова го посочуваат податоците на Комисијата за бугарско државјанство. 

Трендови

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош. Но, Русите се само на седмото место меѓу луѓето кои добиле бугарско државјанство во текот на годината. Па така, 356 Руси земале бугарско државјанство во 2022 година. Војната која што Русија ја започна во Украина не ги промени досегашните трендови. Во 2021 година, 479 граѓани на Руската Федерација добиле бугарски пасош, што им ги отвори вратите за ЕУ. Една година претходно нивниот број беше 485.

Бугарско државјанство лани добиле и 202 Израелци. Бугарски документи добиле и 86 лица од Сирија, 50 од Ерменија, 33 од Ирак и 23 од Виетнам. Бугарско државјанство земале и 13 лица од Европската Унија.

Вкупно во текот на годината 7.410 лица се стекнале со државјанство врз основа на бугарско потекло, бугарски државјанин како родител или општа натурализација. Бугарското државјанство им било вратено на 2.660 лица. На предлог на министерот за правда, натурализацијата на 13 лица е откажана поради различни прекршоци.

Одземено државјанство

Со декрет на 247 лица им е одземено бугарското државјанство. Оваа категорија ги вклучува Бугарите кои трајно се населиле во друга земја и побарале да добијат нејзино државјанство, која што не толерира двојно државјанство. Бугарите кои останаа без државјанство во 2022 година земале пасоши од различни места, вклучително и Белорусија и Русија. Во оваа графа се и оние кои сакале да станат државјани на Велика Британија, Германија, Шпанија, Холандија, Полска, Северна Македонија, САД и други.

Пред една година на сила стапи измена во законот со која се отвора можноста за добивање на т.н „златни пасоши“ - државјанство за инвестиции. Од почетокот на 2022 година, до законските измени, не се издадени укази за златни пасоши, се вели во извештајот. Во 2021 година се дадени 9 златни пасоши.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми