1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Македонија пак бара екстрадиција на осудените за „Монструм“

ДТЗ
31 јули 2024

Министерот за правда Игор Филков потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“.

Смилковско Езеро
Македонија пак бара екстрадиција на осудените за убиствата на Смилковско ЕзероФотографија: DW/P. Stojanovski

Северна Македонија повторно ќе бара екстрадиција на двајцата осудени на доживотен затвор за убиствата на Смилковско Езеро. Министерот за правда Игор Филков информираше дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Барањата се испратени до косовските колеги и се чека одговор. За останатите екстрадиции, меѓу кои и на порашениот премиер во бегство, Никола Груевски - ќе се чека да се создадат соодветни услови. 

Се чека одговор од Косово

Северна Македонија на 15 март 2013 година за првпат побара екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но Косово го одби барањето. „Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година“, вели Филков.

На 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

За останатите екстрадиции, меѓу кои и на порашениот премиер во бегство, Никола Груевски - ќе се чека да се создадат соодветни условиФотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Што се случува со екстрадицијата на Груевски?

Министерот за правда вели дека внимателно се следат сите случаи за коишто е побарана екстрадиција од страна на земјата. На прашањето дали ќе се повтори барањето за екстрадиција  и на експремиерот Никола Груевски кој избега во Будимпешта, Филков вели: „Министерството за правда со голема внимателност ги следи сите случаи и тука не е исклучок само Никола Груевски, за кој се бара екстрадиција“.

Последното барање за екстрадиција е од 2019 година за сите постапки за кои што е распишана потерница. Барањето за екстрадиција за Никола Груевски е одбиено од Унгарија со образложение дека на Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да се екстрадира во држава од која што е дојден.

„И во овој случај, како и во сите други случаи за екстрадиција, се следат внимателно и кога ќе се создадат услови, ќе побараме екстрадиција, но не тенденциозно кон одредено лице, туку за сите кои се надвор од државата и е распишана меѓунардна потерница“, рече Филков.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми