1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Армијата се модернизира - ќе се набавуваат осум хеликоптери

ДТЗ
31 март 2023

При крај е анализата на набавка на хеликоптерите за што се пристигнати пет понуди од различни земји. Ваквиот чекор е дел од модернизацијата на АРМ, откако Владата одлучи да ги донира сегашните 12 хеликоптери на Украина.

Славјанка Петровска
Армија се модернизира - ќе се набавуваат осум хеликоптериФотографија: MOD North Macedonia

Македонската Армија ќе набавува осум нови повеќенаменски хеликоптери, за што веќе се пристигнати пет понуди од различни земји. Ваквиот чекор е дел од модернизацијата на Армијата, откако Владата одлучи да ги донира сегашните 12 хеликоптери на Украина. При крај е анализата на набавка на хеликоптерите . 

„Целосно сме посветени и горди на процесот на модернизација и опремување на Армијата. Една третина од одбранбениот буџет, кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра, е наменет за модернизација. Тоа е несомнен гарант дека нема да има застој во модернизацијата и дека сето она што било планирано се реализира. Модернизацијата опфаќа неколку повеќегодишни проекти кои целосно го менуваат ликот на Армијата. Велиме дека Армијата е во НАТО, меѓутоа и НАТО со своите стандарди, најмодерна и најсофистицирана опрема влегува во Армијата“, порача денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска по брифингот со медиумите за процесот на модернизација и опремување на Армијата, со кој во континуитет се менува ликот на Армијата и се зголемува нејзината борбена готовност.

Оклопни возила, транспортери, артилериски системи...

Министерката најави дека ќе се набавуваат оклопни возила од типот на JLTV Oshkosh, дел се веќе пристигнати, дел ќе пристигнат во повеќе наврати. „Набавуваме оклопни транспортери Stryker како и францускиот систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3. Го потпишавме и договорот за набавка на артилериски системи од сојузничка Турција. Два транспортни хеликоптери на Армијата Ми-8 се во фаза на ремонтирање, во соработка со Чешка“, рече Петровска. 

Армијата станува посилна и поопремена во гарантирањето на безбедноста на секој граѓанин на Северна Македонија, вели министерката Славјанка Петровска Фотографија: Georgi Likovski/dpaweb/dpa/picture-alliance

Со донацијата не е намалена борбената готовност

Што се однесува на донациите за Украина, Петровска вели дека се донесени врз основа на стручното тело, Генералштабот на Армијата и се во согласност со стратешките планови на земјата и долгорочниот план за развој на одбранбените способности.

„Армијата се трансформира, Армијата се модернизира и опремува со најсофистицирано вооружување и затоа во нејзиниот состав нема место за опрема која е произведена во 1984 година и која со години и години стои само како бројка, а всушност е со истечен ресурс.Борбената готовност не се намалува на никаков начин, напротив со сите овие процеси од кои ги гледаме и резултатите, таа станува посилна и поопремена во гарантирањето на безбедноста на секој граѓанин на Северна Македонија“, децидна е министерката. 

На брифингот присуствуваа и учествуваа и заменикот-министер Тирон Јајага и директорот на Генералштабот, бригадниот генерал Симеон Трајковски.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми