1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кони и Пикси во потрага по преживеани во Турција

ДТЗ
7 февруари 2023

Белгиски овчар и лабрадор се дел од тимот за претрага и спасување на АРМ, коишто ќе бараат преживеани под урнатините. Во спасувачка мисија заминаа со нивните инстуктори, кои се усовршувале за претраги токму во Турција.

лабрадор
Белгиски овчар и лабрадор се дел од тимот за претрага и спасување на АРМ, коишто ќе бараат преживеани под урнатините.Фотографија: CIA via Twitter

Армиските кучиња Кони и Пикси учествуваат во потрагата по преживеани под урнатините во Турција, која што е зафатена од страотни земјотреси деновиве. Станува збор за две службени кучиња на македонската Армија од расата белгиски овчар и лабрадор, коишто се дел од тимот за претрага и спасување. Во спасувачката мисија заминаа заедно со нивните инструктори, кои се усовршувале за ваков вид на претраги токму во Турција. 

„Кучињата спасувачи“  се на 5-6 годишна возраст и имаат поминато комплетна специјалистичка обука за претрага во армиски Центар за обука и дресура на службени кучиња. 

Армиските кучиња Кони и Пикси ќе учествуваат во потрагата по преживеани под урнатините во ТурцијаФотографија: Umit Bektas/REUTERS

Спасувале и во поплавите и трагале по исчезнати лица 

Службените кучиња се дел од семејството кучиња кои целосно се размножуваат и одгледуваат во Центарот кој располага со кучиња од расата на германски овчар, белгиски овчар, шарпланински овчар, лабрадор-ретривер и ротвајлер.

Дел од овие кучиња земале учество со одредите за специјална намена на многубројни вежби, како и во случаи на претрага како што беше случајот на катастрофалните поплави во 2016 година и други случаи на претрага на исчезнати лица во планински области.

Во Центарот за одгледување и дресура на кучиња, се дресираат чуварски, патролни и кучиња трагачи, а се спроведуваат и обуки за кучиња за откривање на експлозиви, за откривање на лица при елементарни несреќи. Откако ќе наполнат осумнаесет месеци, кучињата се подготвени да ја започнат деветмесечната обука, по којашто ги добиваат и своите први „професионални задачи“. 

Трае потрагата по преживеаните во Турција и Сирија по разорните земјотресиФотографија: Cagla Gurdogan/Reuters

Обучени за трагање 

Специјалните кучиња коишто заминаа во Турција се дел од тимот којшто АРМ го испрати за пронаоѓање и спасување, составен од припадници на баталјонот за специјални сили и двајца водачи со службени кучиња. „Тие се обучени за трагање од командата за обука и доктрини и ќе го вложат нивниот максимум за спасување на човечки животи под урнатините, настанати од катастрофалниот земјотрес во нашиот сојузник Турција“, информираа од АРМ. 

Дирекцијата за заштита и спасување исто така испрати тимови за заштита и спасување составени од 40 лица, во реонот погоден од земјотрес во Турција, Газиантеп. Кон Турција се упатија и пожарникари од речиси сите градови во земјата, како и екипа на рудари, вработени во рудникот „Булмак 2016“ во Пробиштип. 

„Не сум сигурен дали се живи“

01:33

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми