1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиФранција

Макрон: Франција нема да го повлече амбасадорот од Нигер

ЖА / агенции
28 август 2023

Францускиот амбасадор ќе остане во Нигер и покрај воениот пуч во оваа земја, а Франција и натаму го поддржува соборениот претседател Базум, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон и сега соборениот нигериски претседател, Мохамед Базум, архивска фотографија
Францускиот претседател Емануел Макрон и сега соборениот нигериски претседател, Мохамед Базум, архивска фотографија Фотографија: Michel Euler/AP/picture alliance

Во својот говор ред француските дипломатски претставници во странство, претседателот Емануел Макрон денеска во Париз порача дека Силван Ите, францускиот амбасадор во Нигер, останува на својата функција и покрај изведениот воен пуч во оваа западноафриканска земја.Истовремено, Макрон ја повтори француската поддршка за соборениот демократски избран претседател на Нигер, Мохамед Базун, оддавајќи му признание за храброто одбивање да поднесе оставка. Макрон изјави дека Франција ги поткрепува дипломатските и, доколку бидат донесени, воени интервенционистички мерки на западноафриканската заедница ЕКОВАС во поглед на Нигер. 

Протести против француското воени присуство во Нигер

Вчера (27.08.2023) поддржувачите на новите нигерски властодршци, кратко пред истекот на ултиматумот до францискиот амбасадор да го напушти Нигер, протестираа во близина на аеродромот во главниот град Нијамеј против военото присуство на Франција во нивната земја. Аеродромот граничи со воена воздушна база на нигериската армија, во која е сместен и францускиот воен логор.

Демонстрантите вееја нигериски и руски знамиња,а на транспарентите беа истакнати барања за повлекување на француските воени трупи од Нигер. „Не ја сакаме француската армија во Нигер“, изјави еден од демонстрантите за новинската агенција АФП. И во саботата бил одржан собир за поддршка на воените пучисти во Нигер со учество на неколку илјади луѓе на стадионот во градот Нијамеј.

1500 француски војници во Нигер

Војската на 26 јули изврши државен удар и го собори демократски избраниот претседател Базум, преземајќи ја власта во земјата. Поранешната колонијална сила Франција не ги признава новите властродршци, исто како и другите западни држави.

Новата воена влада во Нигер во петокот преку соопштение на своето Министерство за надворешни работи му постави ултиматум на Ите да ја напушти земјата во рок од 48 часа. Причина меѓу другото е неговото одбивање да одговори на поканата за средба со министерот за надворешни работи на пучистите. Нигер смета дека и останатите постапки на владата на Франција се спротивни на интересите на Нигер.

Германското Министерство за надворешни работи на викендот ја демантира веста објавена во некои медиуми според која од Нигер е протеран и германскиот амбасадор.

Пред изведувањето на пучот во Нигер, Франција активно ја поддржуваше борбата на владата на претседателот Базум против џихадистичките милиции. Во Нигер уште се стационирани околу 1500 француски војници.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми