1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиФранција

Макрон ќе ѝ испрати борбени авиони „Мираж“ на Украина

ЖА
7 јуни 2024

Пред средбата со Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон најави нова воена помош за Украина, вклучувајќи и борбени авиони „Мираж“. Освен тоа, во Франција ќе бидат обучувани 4500 украински војници.

Францускиот претседател Емануел Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон најави спраќање борбени авиони на УкраинаФотографија: Jana Rodenbusch/Pool Photo /picture alliance

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека на Украина ќе ѝ стави на располагање борбени авиони од типот „Мираж“. Во Франција произведените авиони треба да ѝ помогнат на Украина  во заштитата на копното и  воздушниот простор,  изјави Макрон за француската телевизија, без да прецизира бројка.

Освен тоа, францускиот претседател најави и воена обука на натамошни 4500 украински војници во Франција, повторувајќи ја подготвеноста за испраќање француски воени инструктори во Украина.

Борбен авион од типот „Мираж“ како помош за УкраинаФотографија: Ludovic Marin/AFP/Getty Images

Украинскиот претседател и украинскиот министер за одбрана пред два дена со официјално писмо  ги замолиле сојузниците  за вршење обука на територијата на Украина, изјави Макрон. „Тоа значи, постои молба, а секогаш кога ќе примиме молба, размислуваме  на каков начин можеме да помогнеме“,  појасни Макрон, додавајќи дека не станува збор за обука во областите каде се води војна.

Макрон денеска ќе го прими  украинскиот претседател Володимир Зеленски  во Елисејската палата. Зеленски ќе има средба и со францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну, при што треба да бидат потпишани повеќе договори.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми