Макрон: Абортусот да влезе во ЕУ-Повелбата за основни права
8 март 2024Франција го внесе правото на абортус во својот Устав и сега бара тоа да се внесе и во Повелбата на ЕУ за основни права. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска (8.03) изјави: „Ќе ја водиме оваа борба на нашиот континент, нашата Европа, каде што реакционерните сили прво и секогаш одново ги напаѓаат правата на жените, а потоа преминуваат на напад на правата на малцинствата, угнетените и на сите слободи.“
Затоа, според Макрон, прекинот на бременоста треба да биде дел од Повелбата на ЕУ за основни права. Повелбата, според наводи на германската Сојузна централа за политичко образование, е обврзувачка за сите земји членки на ЕУ, освен Полска.
Двата дома на францускиот парламент неделава со големо мнозинство гласаа за внесување на правото на абортус во Уставот на земјата. Во Франција, абортусот до десеттата недела од бременоста е дозволен уште од 1975 година. Во меѓувреме, бремените жени во Франција можат да абортираат до 14-тата недела од бременоста, а трошоците за тоа ги презема здравствениот фонд.