1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Макрон предлага средба на Г7 со Русија и со Данска

СН/агенции | дпа
20 јануари 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави приватна текстуална порака од францускиот претседател Емануел Макрон, во која тој предлага вонреден состанок на Г7 поради зголемените тензии околу Гренланд.

Францускиот претседател Емануел Макрон разговара со американскиот претседател Доналд Трамп
Макрон преку приватни СМС пораки му предложил на Трамп вонреден самит на Г7Фотографија: Alexander Drago/REUTERS

Францускиот претседател Емануел Макрон му предложил на американскиот претседател Доналд Трамп состанок на земјите од Г7 со Русија и со Данска во четврток во Париз. Тоа произлегува од приватни текстуални пораки меѓу Макрон и Трамп, кои американскиот претседател ги сподели на платформата Трут соушал. Елисејската палата ја потврди за германската новинска агенција ДПА автентичноста на пораките.

Утрината, Трамп објави слики на кои се прикажани пораките на Макрон на неговата онлајн платформа. Во нив, Макрон предлага состанок на главните западни индустриски земји во Париз, по завршувањето на Светскиот економски форум во Давос. Според него, треба да се приклучат и претставници на Украина, Данска, Сирија и на Русија.

Во среда, Трамп се очекува во швајцарскиот планински град, каде што ќе одржи говор истиот ден. Пораките, исто така, покажуваат дека Макрон го поканил Трамп на вечера во Париз пред да се врати во Вашингтон. 

Фотографија: Rafapress/Depositphotos/IMAGO

Од 1998 година, Русија е членка на групата западни индустриски земји, која во тоа време се нарекуваше Г8. По анексијата на Крим во 2014 година, Русија беше исклучена, а групата беше преименувана во Г7. Покрај САД, во групата се и Франција, Велика Британија, Италија, Канада, Јапонија и Германија.

Макрон ги нагласува заедничките цели во Сирија и во Иран

Од опкружувањето на Макрон беше објавено дека Франција е решена да го претвори овогодинешното претседателство со Г7 во корисен придонес кон дијалогот и соработката. Истакнати се конфликтите во кои Франција и САД дејствуваат единствено. Во Сирија, Франција работи заедно со Американците за зачувување на единството и територијалниот интегритет на земјата, како и за почитување на прекинот на огнот, и останува лојална на своите сојузници во борбата против терористичката организација Исламска држава. Во Иран, Франција бара иранските власти да ги почитуваат основните слободи и да застанат на страната на оние кои ги бранат.

Во приватните пораки до Трамп, Макрон наведе дека Франција и САД се „целосно усогласени“ во врска со натамошниот тек во Сирија. Тој, исто така, нагласи дека би можеле да постигнат „големи работи“ во Иран.

Кој го поседува Гренланд?

00:57

This browser does not support the video element.

Макрон до Трамп: Не разбирам што планираш за Гренланд

Во исто време, во објавените пораки, Макрон го изразува своето неразбирање во врска со плановите на Трамп за Гренланд. Американскиот претседател сака да ја принуди Данска да ја продаде оваа арктичка островска територија на САД. Германија, Франција и други земји потоа, во знак на солидарност со Данска, испратија војници во извидувачка мисија на Гренланд. Републиканскиот претседател потоа во саботата објави дека почнувајќи од 1 февруари ќе воведе царини за стоки од Германија и од други европски земји членки на НАТО. Со ова, тој сака да го скрши отпорот против продажбата на Гренланд на САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми