1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиСоединети Американски Држави

Мета лансира алтернатива за Твитер

Мартин Муно
6 јули 2023

Откако Илон Маск го презеде Твитер, имиџот на платформата е руиниран. Но, вистинска алтернатива за неа не постои. Марк Закерберг сака да ги замеша картите и на пазарот ја вади апликацијата „Тредс”.

Марк Закерберг Илон Маск
Марк Закерберг најавува алтернатива за Твитер на Илон МаскФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Fernandez

За многу корисници на Твитер на викендот се прелеа чашата, откако сопственикот Илон Маск воведе ограничување на бројот на Твитер објави кои бесплатно може да ги гледа еден корисник. За долгогодишни корисници на апликацијата тоа се 600, за нови членови - 300. 

Хаштагот #RIPTwitter експресно стана тренд. Многу корисници јавно се заканија дека ќе ја напуштат платформата. Откако Маск во октомври 2022 го презеде Твитер, ништо не е како порано - деблокирани беа профили кои дотогаш беа блокирани поради ширење омраза и теории на заговор. Се укина знакчето кое означува верификуван профил и наместо тоа корисниците можеа да си купат сличен симбол со истата функција. На прашања од медиумите, одговор беа купишта емотикони. Како последица на тоа огласувачи и корисници масовно ја напуштија апликацијата. Поради недостиг на алтернативи, политичари, бизнисмени, активисти и новинари останаа на Твитер. 

Која е Мета-алтернативата за Твитер?

Но, се чини дека сега има алтернатива на повидок. Шефот на Мета, Марк Закерберг, извади конкурентски производ на пазарот. Во американските апликации за Епл и Гугл се појави инстаграм опцијата „Тредс”  („Threads"). Во Гугл плеј на темата пишува дека „Тредс" поврзува заедници за да се дискутира за актуелни теми кои ги интересираат корисниците, па сѐ до идни трендови. Што и да го интересира корисникот, тој може да го заследи креаторот и други луѓе со исти интереси и директно да стапи во контакт со нив, или да изгради група на верни поддржувачи за да ги споделува своите идеи, мислења и креативност со светот”. 

Дали Тредс" е сериозна конкуренција? 

Новата апликација е поврзана со Инстаграм и човек може да се логира со постоечки профил, така што таа не стартува од нула корисници. Инстаграм во светот го користат една милијарда луѓе, многу повеќе од Твитер, кој на крајот на 2022 имаше околу 370 милиони корисници. Со тоа за прв пат се појавува  навистина сериозен конкурент за апликацијата. Мета располага со сите финансиски можности да ја рекламира новата опција,концернот ги поседува и Фејсбук, Инстаграм Месинџер и Ватсап кои се базираат на текстови, така што има и доволно искуство со размена на пишан материјал. 

Дали Маск и Закерберг се мразат? 

Обостраното нетрпение двајцата јавно го демонстрираат. Весникот „Вол Стрит Џурнал” дури зборува за долгогодишна пресметка меѓу двајца милијардери. Пред две недели конфликтот доби нова димензија: Илон Маск со оглед на гласините за нова апликација на Мета, на шега рече дека сака да се пресмета со Закерберг. Тој пак веднаш одговори кратко и јасно „само кажи ми го местото”. 

На интернет најавата предизвика лавина мемиња и обложувања за исходот. Закерберг важи за фаворит бидејќи со години ја тренира боречката вештина Џиу-џитсу, додека Маск важи за неспортски тип. „Те молам Господе, направи борбата навистина да се случи”, пиша новинарката Тејлор Лоренц на Твитер. 

Во американските апликации за Епл и Гугл уште за неделава е најавена инстаграм опцијата „Тредс”  („Threads")Фотографија: Instagram, Inc.

Што е со Мастодон? 

Уште веднаш по преземањето на Твитер од страна на Маск, за многумина Мастодон важеше за конкурентска апликација. Наречен според животно од каменото доба, Мастодон е дел од отворениот Федиверс, мрежа на социјални мрежии услуги кои меѓусебно соработуваат, но се независни една од друга. Тоа треба да исклучи самоволие, како она на Маск. Сепак платформата не успеа да се наметне и има едвај два милиони корисници ширум светот. Можна причина е невообичаениот начин на користење за кој новинарката Самира Ел Уасил вели дека е „како од времето кога интернетот уште бил од дрво”. 

Што е со проектот на поранешниот шеф на Твитер, Џек Дорси?

Блускај изгледа речиси исто како Твитер, ама е децентрализирано организиран. Коосновачот на Твитер, Џек Дорси, сакаше да направи отворена алтернатива за сѐ поцентрализираниот Твитер концерн. Платформата од март годинава ја има во Бета верзија и функционира по принцип на покана. Како причина за тоа се наведуваат проблеми со перформансите, но на веб страницата стои дека се радуваат „наскоро да поздрават повеќе корисници на нашата Бета”. 

Еден период кодовите од поканите на Ибеј се продаваа и за неколку стотици долари.

Дали апликацијата, кога ќе почне да функционира како што треба, ќе успее да се наметне, останува да покаже времето. 

А, што прави Доналд Трамп?

Откако беше блокиран профилот на Доналд Трамп на Твитер поради инцидентот во Капитол, поранешниот американски претседател направи платформа слична на Твитер, која се вика „Truth Social”. Сепак се чини дека не е многу успешна. Според проценките, таа има околу 5 милиони корисници. Десните Американци се целна група и на платформите Геб, Парлер и Гетр. 

Со 90 проценти, Трамп е мнозински сопственик на „Truth Social”, од која како што вели, имал добивка од само 201 долари. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми