1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Рубио во Минхен: „Сакаме силна Европа.“

СН/ дв | АРД | агенции
14 февруари 2026

Американскиот државен секретар на Минхенската безбедносна конференција ја увери Европа во поддршката од САД. Обраќањето беше многу попомирливо отколку што се стравуваше. Своите критики Рубио ги спакува во учтиви зборови.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, се обраќа од говорницата на Минхенската безбедносна конференција 2026
Пријателски тон: Државниот секретар на САД, Марко Рубио, на Минхенската безбедносна конференција 2026Фотографија: Halil Sagirkaya/Anadolu Agency/IMAGO

На годинешнатаМинхенската безбедносна конференција,американскиот државен секретарМарко Рубиого истакна значењето на трансатлантските односи, но истовремено остро ги критикуваше европските сојузници и повика на напуштање на досегашниот глобален поредок.Неговиот настап дојде по контроверзниот говор на потпретседателот на САД,Џ.Д. Венсминатата година, чијакритиказа состојбата на европските демократии и наводното ограничување на слободата на изразување го засени тогашниот собир.

И покрај неодамнешните тензии поврзани со конфликтот околуГренланди новата Национална стратегија за безбедност наСАД,Рубио се изјасни за продолжување на тесната соработка со Европа. Во „време кога насловите предвидуваат крај на трансатлантската ера“, тоа не е „ни цел ниту желба“ на САД, рече тој. Сепак, наслика мрачен портрет за состојбата на сојузниците и побара темелни промени.

„Секогаш ќе останеме деца на Европа“

Во говорот, Рубио ја нагласи вековната американско-европска поврзаност и историјата на трансатлантскиот сојуз по Втората светска војна. „Нашата судбина е и останува нераскинливо поврзана со вашата“, порача до шефовите на држави и влади во салата на хотелот „Бајеришер Хоф“. Американците, рече тој, „секогаш ќе останат деца на Европа“ — изјава што беше проследена со аплауз. 

Повеќе од 60 шефови на држави или на влади, како и околу стотина министри за надворешни работи и одбрана, допатуваа во Минхен на годишната безбедносна конференцијаФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

„Сакаме силна Европа. Веруваме дека Европа мора да опстане“, додаде Рубио, нагласувајќи дека за САД заедничката иднина е од суштинско значење. Кога има разлики во мислењето, тие потекнуваат „од нашата длабока грижа за Европа со која не сме поврзани само економски и воено“. Партнерите, истакна тој, се поврзани и „духовно и културно“.

Критика за „опасната илузија“ 

Како пратеник на претседателотДоналд Трамп,54-годишниот Рубио посочи на грешките сторени во изминатите децении. Говореше за „култ кон климата“ што, според него, довел до погрешна енергетска политика. Во стремежот кон свет без граници, биле „отворени дверите за невидена брановидна масовна миграција“. Дополнително, ја критикуваше „догматската визија“ за слободна трговија која резултирала со деиндустријализација и зависни синџири на снабдување кај ривали.

Рубио остро ја критикуваше и преносната национална сувереност кон меѓународни организации во период кога противниците се вооружувале. По победата на Западот над источниот блок во Студената војна, следувала заблуда за „крај на историјата“ и претпоставка дека поредок заснован на правила ќе ги замени националните интереси. Тоа било „неразумна идеја“ и „опасна илузија“, оцени тој.  

САД не сакаат слаби сојузници

„Овие грешки ги направивме заедно“, рече Рубио. Иако САД се подготвени промените да ги спроведат и самостојно, нивна преференција и надеж е тоа да се направи заедно со Европејците. Вашингтон сака Европа „која е горда на своето наследство и историја“, додаде тој, повторувајќи ја важноста на „западната цивилизација“. САД, рече Рубио, немаат интерес да бидат „љубезни и пристојни управители на контролираниот пад на Западот“.

Во продолжение упати нов повик за јакнење на европската одбрана: САД не сакаат слаби сојузници. Партнерите мора да се способни самите да се бранат за да не се осмели ниту еден противник да го става сојузот на проба. „Сакаме сојузници кои не се оковани од вина и срам.“ Заедничкото дејствување, според него, ќе помогне да се врати разумната надворешна политика и да се трасира патот кон „нов век на просперитет“. 

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го гледа говорот на Рубио како понуда за соработка.Фотографија: Ronka Oberhammer/DW

Вадефул во интервју за ДВ: „заедничка основа“

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го пофали говорот на Рубио како „многу позитивен“ во интервју за ДВ на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Тој рече дека Рубио ја нагласил заедничката основа меѓу САД и Европа. 

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го гледа говорот на Рубио како понуда за соработка. А што е со разликите, како што е критиката на Рубио за „климатски култ“ кај Европејците? „Секако, климатските промени постојат“, рече Вадефул. „Не смееме да го негираме нивното постоење“. Сепак, тој го сваќа говорот на Рубио како укажување дека треба да се најдат флексибилни одговори и оти не треба да се биде догматичен. „Секако не би рекол дека нашите приоритети се 100 проценти идентични со оние на Соединетите Американски Држави“, додаде Вадефул. Она што тој го гледа, сепак, е заедничка основа за ветувачка иднина меѓу САД и Европа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми