1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марта Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот

ДТЗ
7 ноември 2024

„Откако Северна Македонија ќе направи измени на Уставот, тргнуваме напред без дополнителни услови“, порача кандидатката за комесар за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на сослушувањето во Европскиот парламент.

Марта Кос ЕУ
„Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот, како што вети“ Марта Кос, кандидатка за комесар за проширување на ЕУФотографија: Nicolas Tucat/AFP/Getty Images

„Она што е прифатено - треба да биде исполнето. Тоа е предуслов и на тоа ќе работиме со Северна Македонија. Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот како што вети. Ништо повеќе и ништо помалку“, порача кандидатката за комесар за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура.

Таа вели дека „може да разбере дека понекогаш постојат внатрешни причини во конкретната држава, кои на некој начин го одложуваат тоа што треба веднаш да се спроведе, но „сака да види напредок на ова поле“.

Напредок без дополнителни услови 

„Ако успееме, а мислам дека можеме, тогаш тоа би било голем чекор напред. Еднаш кога Северна Македонија ќе направи измени на Уставот, тргнуваме напред без дополнителни услови и јас ќе работам на тоа“, порача Кос на сослушувањето. 

Таа одговараше на неколку прашања поставени од бугарските европратеници, околу можноста за уставни измени со одложено дејство, за почитувањето на договорите за добросоедство, како и за односите со Бугарија.

Македонија кога ќе направи измени на Уставот, тргнуваме напред без дополнителни услови, вели Марта КосФотографија: Imago/impress picture

„Да се држиме до Преговарачката рамка“

Кос вели дека не е реално повторно да се преговара за Преговарачката рамка. Според неа, важно е да се задржи интегритетот на проширување, „а тоа значи да се држиме до Преговарачката рамка“. „Ќе се држам до принципот кој се заснова на заслуги. Очекуваме дека Договорот за соработка и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија и Преспанскиот договор ќе се спроведуваат. Ќе помогнам билатералните договори да се исполнат, а тоа ќе биде добро и за земјите и за ЕУ“, порача таа. 

Кос вели дека основата е владеење на правото, почитување на човековите права, право на припадност на малцинства. „Оттука, очекуваме Владата на Северна Македонија да го исполни барањето за уставни измени“, рече Кос.

Билатерални прашања во процесот на проширување

На прашањето на бугарските европратеници како ќе се решаваат билатералните прашања меѓу земји членки и земји кандидатки, како што е тоа случајот меѓу Софија и Скопје, Кос рече: 

„Исполнувањето на обврските е многу важно. Кога зборувам за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите членки секако дека доаѓа прв. Јас и моите колеги ќе направиме се што можеме за да не увезуваме билатерални прашања во процесот на проширување. Штом го имаме процесот на преговори, имаме на располагање повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидатки, но и на земјите членки да постигнат решение. Нема друг начин. Не можам да поставам датум колку долго ќе трае тој развој, но недоразбирањата треба да ги надминеме врз основа на нашите вредности“. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми