1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаМолдавија

Масовни проевропски демонстрации во Молдавија

СН/агенции
22 мај 2023

Според полицијата, повеќе од 75.000 луѓе се собрале на митингот во центарот на главниот град Кишињев. Тие демонстрираа во знак на поддршка за пристапувањето на земјата во Европска унија.

Десетици илјади луѓе на проевропскиот митинг во Молдавија
Десетици илјади луѓе на проевропскиот митинг во МолдавијаФотографија: Vladislav Culiomza/REUTERS

„Дојдовме да кажеме гласно, со самодоверба и гордост, дека местото на Молдавија е во Европската унија“, рече молдавската претседателка Маја Санду, која повика на демонстрации. Шефицата на државата рече дека нејзината земја сака да се приклучи на ЕУ до 2030 година.

„Ова е шанса нашиот народ да живее во мир и просперитет“, додаде Санду. Исполнувањето на критериумите неопходни за членство е „пат на големи напори“, но тоа е „единствениот пат“.

Страв од руска инвазија

Земјата со 2,6 милиони жители стана кандидат за членство во ЕУ во јуни 2022 година, исто како и соседна Украина. Молдавија го гледа членството како осигурување против тоа да стане следната цел на Москва по руската инвазија врз Украина. Сепак, во Молдавија се одржуваат редовно и проруски демонстрации - на такви собири се повикува и неделава во земјата. Русија веќе стационираше војници во молдавскиот проруски сепаратистички регион Транснистрија.

Потпретседателката на ЕП, Роберта Мецола на митингот во КишињевФотографија: Aurel Obreja/AP Photo/picture alliance

На митингот во Кишињев зборуваше и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и рече дека ЕУ ќе ги поддржи аспирациите на Молдавија. Земјата е „подготвена за европска интеграција“, додаде таа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми