1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Арбнора Мемети
26 септември 2023

Кањонот Матка, бисерот на Скопје, губи сјај. Законот со кој треба да биде прогласен за споменик на природата и кој треба да обезбеди подобра заштита на Матка, е во собраниска процедура веќе осум месеци. Додека се чека на законот и планот за управување, Матка секојдневно пропаѓа. #dw_BalkanBooster

Додека го чека Законот за прогласување за споменик на природата, Матка секојдневно пропаѓа. Законот е во собраниска процедура уште од февруари годинава. Експертите велат дека за заштита на многубројните видови на флора и фауна во кањонот Матка од исклучителна важност е законот да биде донесен што е можно побрзо.    

Но, стравуваат дека дури и кога ќе биде донесен, неговото спроведување нема да оди лесно.    

Марјан Михајловски, експерт за животна средина, за ДВ вели:  

„Во рок од една година ќе треба да се донесе план за управување со ова заштитено подрачје кој што треба да го постави системот на заштита. Тоа подразбира и соодветни капацитети, човечки и технички, за управување. Но, подразбира и одржлив начин на финансирање на таа заштита, бидејќи, самиот план речиси ништо не значи ако нема кој тоа да го спроведе и ако нема средства тоа да се спроведе. “   

И покрај актуелната негрижа на институциите и граѓаните, Матка секојдневно ја посетуваат илјадници туристи од целиот свет. Покрај освежителната клима, кањонот, кој се наоѓа во непосредна близина на главниот град Скопје, нуди можност за бројни спортски активности, како планинарење, кајакинг, искачување на карпи, или кампување.     

Џемаил Мезини, планинар и љубител на Матка, со жалење констатира:  

„Колку што се сеќавам, во кањонот Матка не е направена никогаш никаква капитална инвестиција. Човекот е општествено суштество, како таков секој треба да има своја улога, особено кога станува збор за заштита на оваа баснословна убавина, за да можеме да ја оставиме на другите генерации.“   

Матка сѐ уште чека на заштита и ден за ден венее.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми